Православен календар

Светиот маченици Евгениј и другите со него

21 јануари (по стар стил)

Светите маченици Евгениј, Кандид, Валеријан и Акила пострадаа за верата во Христа за време на царувањето на Диоклецијан и Максимијан (284-305), од полководецот Лисиј. Валеријан, Кандид и Акила во времето на прогонот се сокрија во планините, претпочитајќи да живеат со ѕверовите, отколку помеѓу паганите. Но, и таму беа најдени и доведени во Трапезунд. Тие смело и цврсто ја исповедаа верата Христова и затоа беа биени со волови жили и стругани со железо, а раните им беа посипувани со сол и горени со оган. По неколку дена беше фатен и Евгениј и исто така беше подложен на мачење. Потоа, сите беа фрлени во разгорена печка, но од таму излегоа неповредени. Кога го видоа тоа, мачителите им ги отсекоа главите.

Сподели на твитер
днсФевруари 2023
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
20
стар
стил
Јануари
2
Февруари
нов
стил
Четврток. Не се пости.
+Преп. Ефтимиј Велики (473)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Барај го она што е најпросто во сè - и во храната и во облеката и немој да се срамиш од сиромаштијата; затоа што поголемиот дел од светот е сиромашен. Не вели: јас сум син на богат човек, мене ми е срам да бидам сиромав. На светот нема побогат од Христа, твојот Отец Небесен, Којшто те родил во купелот, но и Он бил сиромав и немал каде глава да потслони.

Св. Генадиј Константинополски
Златна алка, 24-25

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк