Православен календар

Светиот маченик Неофит

21 јануари (по стар стил)

Родум од Никеја. Уште како дете вршеше големи чуда со благодатта Божја. Изведе вода од камен, ја воскресна својата мртва мајка. Беше одведен од бел гулаб на гората Олимписка, каде што од една пештера го истера лавот и се насели во нејзината внатрешност. Во неговата петнаесетта година беше мачен за Христа, во времето на царот Диоклецијан, и тоа во Никеја. Никако не сакаше да се одрече од Христа. После биењето и затворањето, го фрлија во оган, но Бог го сочува жив. Тогаш го ставија пред гладен лав, но лавот се умилкуваше околу Неофит. Во тој лав светителот го препозна истиот оној лав во чијашто пештера се подвизуваше, па го помилува и му нареди пак да си оди во својата пештера. Тогаш Свети Неофит го прободоа со копје и тој се пресели во дворовите Господови.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
11
стар
стил
Април
24
Април
нов
стил
Сре., Велик Пост. Строг пост.
Свмч. Антипа, еп. на Пергам Азијски (68); Преп. Јаков Железноборовски (1442)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Во сите наши дела Бог гледа на намерата, – го правиме ли ние тоа поради Него, или поради некоја друга причина.

Преп. Максим Исповедник
Поглавја за љубовта. 2. 36

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк