Православен календар

Света Агнија римјанка

21 јануари (по стар стил)

Маченичката Агнија се роди во Рим, во семејство на благочестиви родители, и беше воспитана во христијанската вера. Кога имаше 13 години, откажа да се омажи за синот на началникот на областа и да принесе жртва на паганската богиња Веста. Заради тоа беше казнета – гола испратена во јавна куќа. Но, Бог устрои да ѝ порасне косата до толку многу што ѝ го покриваше целото тело, како облека, а во куќата ја пресретна Ангел Божји кој ја покри со таква блескава светлина што нечестивите младичи кои биле таму не можеа ниту да ја гледаат. Кога светата Агнија почна да се моли, виде пред себе бела облека, исткаена од Ангелите. Младичот кој ги предизвика сите овие неволји за светата Агнија влезе во собата за да ја обесчести, но наместо тоа, веднаш падна мртов. По молба на таткото на момчето, Агнија со својата молитва го воскресна умрениот, кој веднаш почна да го слави Бога. Заради ова чудо, во Христа поверуваа и се крстија 160 луѓе. Сите тие, заедно со младичот беа веднаш предадени на смрт. Светата Агнија беше подложена на жестоки измачувања и на крај беше убиена со меч во грлото. На нејзиниот гроб, по многу години, прими исцеление Констанција, ќерката на Константин Велики и во знак на благодарност подигна црква на тоа место, а подоцна и женски манастир.

Сподели на твитер
днсНоември 2023
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
16
стар
стил
Ноември
29
Ноември
нов
стил
Сре., Божикен пост. Масло.
+Апостол и евангелист Матеј (60)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Господ ги трпи сите човечки немоќи, но не го трпи човекот којшто секогаш ропта, и таквиот не го остава без вразумување.

Преп. Исаак Сирин
Слова, 85

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк