Православен календар

Светите маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други

14 декември (по стар стил)

Во времето на Диоклецијан некој судија Аријан луто ги мачеше христијаните во Египет. Го фати христијанинот Аполониј и му се закани со маки. Овој се исплаши од маките, па потплати еден музикант, Филимон, да оди преправен во неговата облека и наместо него да им принесе жртва на идолите. Но, кога Филимон стапи пред идолите, одеднаш во неговото срце заблесна светлината на христијанската вера и тој се прекрсти. Потоа излезе и почна да вика: „Христијанин сум! Слуга на живиот Бог!“ Кога го слушна ова судијата се насмеа, мислејќи дека Филимон им се потсмева на христијаните. Но, потоа Филимон прими страшни маки. Притоа падна дожд од небото и го крсти. Најпосле и Филимон и Аполониј беа убиени со меч од судијата Аријан. Подоцна и Аријан стана христијанин, откако на гробот на Филимон на чудесен начин си го излечи слепото око. Него царот Диоклецијан го осуди на смрт и заедно со четворица војници коишто исто така се објавија себеси како христијани, беше маченички погубен.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
7
стар
стил
Април
20
Април
нов
стил
Саб., Велик Пост. Масло.
Преп. Георгиј исп., митр. Митилински (после 820); Мч. Калиопиј (304)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кај секој што оди на грев мислите како да се закочени и видот како да е повреден и не распознава, бидејќи лукавиот кој нè поттикнува и нè заведува, ни го раслабува и замаглува гледањето. А после постапката тој го става пред нашите очи направеното и жестоко го открива тоа, што претходно со многу лукавства го сокривал, па разоткривајќи ја тежината на направеното се труди да го турне оној кој што згрешил во очај.

Св. Фотиј Велики
Амфилохии, 14

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк