Православен календар

Светата маченичка и девица Лукија (Луција)

13 декември (по стар стил)

Со мајка ѝ го посети гробот на светата Агатија во Катанија, каде што ѝ се јави самата света Агатија. Нејзината крвоточива мајка тогаш се исцели чудотворно во црквата. Лукија им го раздаде сиот свој имот на ништите, што го огорчи нејзиниот вереник, којшто ја обвини како христијанка кај судијата Пасхасиј. Злобниот судија нареди да ја одведат во блудилиште за да ја осквернат. Но, со Божја сила таа стана неподвижна, како закована за земјата и многу луѓе се обидуваа, но не можеа да ја помрднат. Тогаш некој разјарен незнабожец ѝ забоде меч во грлото и така таа Му ја предаде својата душа на Бога. Пострада во 304 година.

Сподели на твитер
днсЈули 2026
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
1
стар
стил
Јули
14
Јули
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Бесребреници Козма и Дамјан, во Рим пострадани (284)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

На гордата душа Господ не ѝ се јавува. Гордата душа, дури и сите книги да ги изучи - никогаш нема да го познае Господа, бидејќи таа со гордоста своја не прави во себе место за благодатта на Светиот Дух, а Бог се познава само преку Светиот Дух.

Преп. Силуан Атонски
Писанија III.11.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк