Православен календар

Свети Харитон, еден од петнаесетте Тивериополски маченици

28 ноември (по стар стил)

За време на владењето на императорот Јулијан Отстапник (361-363) беше извршен страшен прогон на христијаните. Тогаш во целата Римска империја беа издадени посебни наредби и беа испраќани луѓе да ги спроведуваат. Со тие заповеди секој што ќе се откажеше од Христа добиваше големи почести од царот, а ако пак не сакаше да се откаже од неговата вера и не сакаше да им принесе жртви на паганските идоли требаше да биде подложен на жестоки казни и мачења. Тогаш, пред ваквата опасност од Никеја побегнаа во Солун, а оттаму во Тивериопол – денешна Струмица, епископите Теодор и Тимотеј и монасите Комасиј и Евсевиј. Епископот Теодор беше учесник на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година. Оставајќи го Солун се преселија во Тивериопол каде што најдоа можност да го сеат словото на нашиот Господ Исус Христос во душите на побожните луѓе. Преку нив стана сенародното просветлување на Тиверијците, а Христос им стана познат и на жителите на околината. Кон овие четворица притекнаа и Петар, Јован, Сергиј, Теодор, Никифор кои што беа презвитери, и Василиј и Тома коишто беа ѓакони, Јеротеј, Даниил и Харитон коишто беа монаси и Сократ кој порано бил војник, но се откажал од сè и стана дел од овој добар чин на отците. Кога за ова дозна царот Јулијан испрати луѓе во Тивериопол со заповед тамошните жители да се откажат од Христа и да им се поклонат на идолите. Најпрвин пред царските пратеници беа повикани овие петнаесет свети мажи. Но, бидејќи тие не сакаа да им принесат жртва на демоните и на нивните идоли веднаш беа осудени на смрт и посечени со меч. Кога Светиите го завршија својот благочестив живот, нивните чесни тела многу денови стоеја зафрлени бесчесно за да бидат изедени од кучиња, ѕверови и птици. Но, Господ ги запази недопрени и неповредени така што оние што ги гледаа го прославуваа Христа Бога. Подоцна, некои христијани се собраа и ги подигнале со почести чесните тела на Мачениците, ги завиткаа во чисти плаштаници и откако ги извршија сите служби, ги положиле во Тивериопол, секого во посебен ковчег, на којшто било напишано името на секого од нив, каков живот водел и каков чин имал во Христа. И по смртта, Мачениците вршеа големи чудеса, не само на месните жители, туку и надвор од границите на Тивериопол, така што мнозина од Елините познавајќи ја Вистината пристапуваа кон верата Христова и се крштеваа. На тој начин ниту во Тивериопол, ниту во околината не остана ниту еден безбожник. А верата се беше распространила и во останатите западни краишта така што Тивериопол стана како некоја кула од секаде видлива, којашто ја раздаваше и на другите градови светлината на верата и ги враќаше од мракот на заблудата оние што се наоѓаа во длабокото море на неверието. Светите Петнаесет Тивериополски свшетеномаченици и денес се почитуваат како покровители и заштитници на градот Струмица.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Април
16
Април
нов
стил
Вто., Велик Пост. Строг пост.
Преп. Никита исповедник, игумен на обителта Мидикијска (824)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако сакаш да достигнеш спасение – спознај го и запази го во срцето свое сето она на што учи светата Црква, и примајќи ги Божествените сили преку таинствата на Црквата, чекори по патот на заповедите Христови, под раководство на законите пастирите - па несомнено ќе го достигнеш Царството Божјо и ќе се спасиш. Сето тоа е суштински неопходно за спасението, сето тоа вкупно е неопходно за сите. Ако некој едно нешто не прима или не допушта, за него нема спасение.

Св. Теофан Затворник
Пет поуки за патот кон спасението, 3

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк