Православен календар

Светиот свештеномаченик Петар, архиепископ Александриски

25 ноември (по стар стил)

Ученик и следбеник на светиот Теона, александрискиот епископ. Некое време беше учител во прочуената философска школа на Ориген. На архиепископскиот престол стапи во 299 година, а маченички заврши на гробот на свети апостол Марко во 311 година. Со Црквата управуваше во претешко време, кога над верните насилствуваа однадвор неверниците, а однатре еретиците. Во негово време во Александрија пострадаа шестотини и седумдесет христијани. Често цели семејства беа изведувани на губилиште и погубувани. Во тоа време нечестивиот Ариј ги смутуваше верните со своето криво учење. Свети Петар го одлачи од Црквата и го проколна за во овој и во оној свет. Во затворот на овој светител му се јави Господ.

Сподели на твитер
днсНоември 2025
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
2
стар
стил
Ноември
15
Ноември
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Мч-ци Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор, Анемподист и други со нив (345)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Светиите се слични на Господа, но и сите луѓе коишто ги запазуваат заповедите Христови се слични на Него, а оние коишто живеат според своите страсти и не се каат, слични му се на ѓаволот. Мислам дека ако таа тајна би им се открила на луѓето тогаш тие би престанале да му служат на непријателот, но секој со сета сила би се стремел да го познае Господа и да биде сличен на Него.

Преп. Силуан Атонски, Списи, XII. 9.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк