Православен календар

Светиот свештеномаченик Климент, епископ Римски

25 ноември (по стар стил)

Роден е во Рим, од царски род, современик на апостолите. Мајка му и неговите двајца браќа пловејќи по морето беа разнесени на разни страни, а татко му одејќи да ги бара жената и децата и самиот се изгуби. Тогаш Климент, којшто имаше дваесет и четири години, појде на исток да си ги бара родителите и браќата. Во Александрија се запозна со апостолот Варнава, потоа му се придружи на светиот апостол Петар, по кого веќе одеа неговите двајца браќа, Фаустин и Фаустијан. По Божја Промисла апостолот Петар ја најде Климентовата мајка како старица питачка, а потоа и татко му. И така повторно се состави целото семејство и заедно како христијани се вратија во Рим. Свети Климент не се одвојуваше од великиот апостол, којшто него пред својата смрт го постави за епископ на Рим. По маченичката смрт на Петар, во Рим епископ беше Лин, потоа Клит - обајцата кусо време - а после тоа Климент. Свети Климент управуваше со Божјата Црква со пламена ревност и од ден на ден обраќаше во верата Христова голем број неверни. Тој одреди и седум брзописци коишто ги запишуваа житијата на мачениците што во она време страдаа за својот Господ. Царот Трајан го протера во Херсон, каде што Климент најде две илјади прогонети христијани. Сите беа зафатени со тешка работа на каменорежење на едно безводно место. Христијаните го примија Климент со голема радост и тој им беше жив извор на утеха. Со својата молитва создаде вода и обрати во христијанство огромен број староседелци и за една година на тоа место подигна седумдесет и пет цркви. За да не ја шири понатаму Христовата вера, го осудија на смрт со потопување во морето со камен на вратот, во 101 година. Неговите чудотворни мошти ги извадија од морето дури светите Методиј и Кирил.

Сподели на твитер
днсДекември 2025
П118
В219
С320
Ч421
П522
С623
Н724
П825
В926
С1027
Ч1128
П1229
С1330
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
РибаРиба
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
24
стар
стил
Ноември
7
Декември
нов
стил
Нед., Божикен пост. Риба.
Вмц. Екатерина (313); Вмч. Меркуриј (III); Мч. Меркуриј Смоленски (1238)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној којшто со страв Божји го вразумува и поучува оној што греши, тој се здобива со добродетел спротивна на гревот. А злопамтивиот којшто недоброжелно го порекнува грешникот паѓа, според духовниот закон, во истата страст со него.

Преп. Марко Подвижник
Слова. 2. 183.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк