Православен календар

Светата маченичка Кикилија (Цицилија)

22 ноември (по стар стил)

Родена е во Рим од богати и угледни родители. Имаше голема вера во Христа и голема ревност за верата. Заветувана на Бога на вечна девственост, под раскошните фустани што ѝ ги подаруваа родителите Кикилија носеше остра власеница. А кога ја присилија на брак, и тоа со некаков незнабожец, Валеријан, таа уште првата ноќ го посоветува младоженецот да отиде кај епископот Урбан и да се крсти, па потоа и самиот да живее во девственост. Откако ја прими Христовата вера, Валеријан го обрати и својот брат Тивуртиј. Наскоро потоа обајцата браќа заради верата во Христа беа осудени на смрт. Кога ги водеа на губилиште тие успеаја да го обратат и водачот на стражата, Максим. Сите тројца заедно пострадаа за Господ Исус Христос. Светата Кикилија ги погреба нивните тела заедно. Тогаш беше изведена на суд и Кикилија зашто непрестајно ги придобиваше незнабожците за Христовата вера. Само во една вечер придоби околу четиристотини души. Кога ја праша судијата од каде ѝ е толкавата смелост, таа одговори: „Од чиста совест и безсомнежна вера“. После тешки маки беше осудена на убиство со меч. Џелатот ја удираше по вратот трипати, но не можеше да ја убие; само ја рануваше и од вратот истекуваше крв којашто верните заради исцелување ја собираа во марами, сунѓери и садови. Три дена потоа Христовата маченичка Му го предаде својот дух на Бога, Којшто ја прими во Своето вечно блаженство. Света Кикилија со останатите пострада околу 230 година. Нејзините мошти почиваат во црквата со нејзиното име во Рим. Во западната црква Света Кикилија се смета за заштитничка на црковното пеење и музика.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
8
стар
стил
Мај
21
Мај
нов
стил
Четврток. Не се пости.
Вознесение
Господово
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Тебе нека те гонат, но ти немој да гониш; тебе нека те распнуваат, но ти немој да распнуваш; тебе нека те навредуваат, но ти не навредувај; тебе нека те клеветат, но ти немој да клеветиш; биди кроток, а не ревносен во злото.

Преп. Исаак Сирин
Слова, 89

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк