Православен календар

Светите маченици Роман и Варул

18 ноември (по стар стил)

Свети Роман беше ѓакон на Црквата кесариска. Еднаш тој ревносно го проповедаше Евангелието во Антиохија. Па кога беше некој идолски празник и антиохискиот началник Асклипијад сакаше да влезе во незнабожечкиот храм за да принесе жртва, Роман застана пред него и му рече: „Началнику, грешиш кога одиш кај идолите; не се идолите богови туку Христос е единствениот вистински Бог“. Разјарен началникот го подложи Роман на маки, па светителот беше биен и стружен безмилосно. Во тој миг светиот Роман виде едно дете по име Варул и му рече на началникот: „И ова дете е поразумно од тебе иако ти си стар; тоа Го знае вистинскиот Бог, а ти не.“ Началникот почна да го испрашува Варул за верата и Варул ја изјави својата вера во Господ Исус Христос како во вистински Бог, наспроти лажните идоли. Тогаш Асклипијад нареди и малиот Варул го убија со меч, а Роман го удавија во затворот во 330 година. Така обајцата го наследија Небесното Царство.

Сподели на твитер
днсАприл 2026
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
9
стар
стил
Април
22
Април
нов
стил
Среда. Пост.
Мч. Евпсихиј (362); Мч-ци Дисан еп., Мариав презвит. и други 270 (364)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Љубовта покрива многу гревови“ (1Пет. 4,8). Односно, за љубовта кон другите Бог ги проштава гревовите на оној кој што љуби.

Св. Теофан Затворник. Писма
VI.949

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк