Православен календар

Светиот свештеномаченик Емилијан епископ Тревиски

18 август (по стар стил)

Родум од Ерменија. Барајќи мачеништво, по своја желба отиде да Го проповеда Христа во времето на Диоклецијан во Италија. Во Тревија го избраа за епископ. Заради многубројните чуда при неговото мачење, во Христа поверуваа околу илјада незнабошци. Го убија со меч задно со неговиот духовник Иларион и со двајцата браќа Дионисиј и Ермил.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Април
16
Април
нов
стил
Вто., Велик Пост. Строг пост.
Преп. Никита исповедник, игумен на обителта Мидикијска (824)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Како што нема ништо поспротивно на Бога од гордоста, бидејќи во неа се крие обоготворувањето на самиот себе, на својата ништожност и гревовност, така најпријатно за Бога е смирението, коешто се смета себеси за ништо, та секое добро, чест и слава му ги припишува на Бога. Гордоста не ја прима благодатта затоа што е полна со себеси, а смирението лесно ја прима благодатта затоа што е ослободено како од себеси, така и од сè тварно. Бог создава од ништо, сè додека сакаме да мислиме дека сме нешто, Он во нас нема да го почне своето дело. Смирението е сол на добродетелта. Како што солта му придава на јадењето вкус, така смирението им придава на добродетелите совршенство. Без сол јадењето лесно се расипува, а без смирение добродетелта лесно се уништува поради гордоста, суетата, нетрпеливоста, и исчезнува. Има смирение кое што човекот го добива преку сопствен подвиг, со тоа што го познава своето недостоинство, се укорува себеси за своите недостатоци и не си дозволува да ги суди другите. А има смирение, во кое Бог го воведува човекот преку своите судови: допуштајќи му да искуси оскрбувања, унижувања, лишувања.

Св.Филарет Московски
Славата на Богомајката, 9

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк