Браќа по тело и по дух и по занимање. Обајцата беа ревносни христијани, а по занает каменоресци. Живееја во Илирија. Некој незнабожечки кнез ги вработи да ѕидаат идолски храм. Додека работеа, се случи едно парче од камен да отскокне и да го удри во око синот на идолскиот жрец, којшто љубопитно ја набљудуваше работата на ѕидарите. Кога го виде својот син слеп и крвав, жрецот почна да вика по Флор и Лавр и сакаше да ги тепа. Тогаш светите браќа му рекоа дека ако поверува во Бога во Којшто тие веруваат, неговиот син ќе оздрави. Жрецот им вети. Флор и Лавр со солзи Го помолија живиот и единствен Господ Бог и со знакот на крстот го осенија изваденото око на детето. Тоа оздраве веднаш и окото му стана цело како што му беше. Тогаш жрецот Мемертин и неговиот син се крстија веднаш и наскоро обајцата пострадаа во оган за Христа. А Флор и Лавр, кога го довршија храмот, ставија на него крст, ги повикаа сите христијани и го осветија со името на Господ Исус и со сеноќно псалмопение. Кога за ова дозна илирскиот намесник, многумина од христијаните ги изгоре во оган, а Флор и Лавр живи ги фрли во бунар, па бунарот го затрупа со земја. Подоцна нивните мошти се објавија и беа пренесени во Цариград. Овие прекрасни браќа пострадаа за Христа и со Него се прославија во вториот век.
д | н | с | Март 2025 |
---|---|---|---|
С | 1 | 16 | |
Н | 2 | 17 | |
П | 3 | 18 | |
В | 4 | 19 | |
С | 5 | 20 | |
Ч | 6 | 21 | |
П | 7 | 22 | |
С | 8 | 23 | |
Н | 9 | 24 | |
П | 10 | 25 | |
В | 11 | 26 | |
С | 12 | 27 | |
Ч | 13 | 28 | |
П | 14 | 1 | |
С | 15 | 2 | |
Н | 16 | 3 | |
П | 17 | 4 | |
В | 18 | 5 | |
С | 19 | 6 | |
Ч | 20 | 7 | |
П | 21 | 8 | |
С | 22 | 9 | |
Н | 23 | 10 | |
П | 24 | 11 | |
В | 25 | 12 | |
С | 26 | 13 | |
Ч | 27 | 14 | |
П | 28 | 15 | |
С | 29 | 16 | |
Н | 30 | 17 | |
П | 31 | 18 |