Православен календар

Светиот маченик Патрокло

17 август (по стар стил)

Граѓанин на градот Трикасин, сегашен Тру во Галија. Имаше наследено голем имот од родителите и како вистински христијанин постојано им раздаваше од тоа на сиромасите. Самиот живееше подвижнички, земајќи храна само еднаш дневно, и тоа по залезот на сонцето. Заради светоста на животот Господ му даде дар на исцеление, та насекаде беше познат како исцелител-чудотворец. Кога царот Аврелијан дојде во Галија и нареди да му го доведат Патрокло, светителот ја изјави пред царот својата вера и ништо не сокри. „Ако сакаш, цару, нешто од моите блага ќе ти дадам, зашто те гледам сиромав“, му рече свети Патрокло на царот. А овој нему: „Како ме нарекуваш сиромав мене, којшто имам неброени богатства?“ Свети Патрокло одговори: „Имаш само земни, минливи богатства, но сиромав си, зашто самиот себеси се немаш, ниту вера во Христа во срцето.“ Го осудија на смрт и го предадоа на војниците да го одведат кај некоја кал близу реката и да го заколат, а телото да му го остават во калта. Но светителот Го молеше Бога да не му остане телото во онаа кал и со Божјата сила тој одеднаш стана невидлив за војниците и пренесен на другата страна од реката. По долго трагање војниците го најдоа и го заклаа на едно суво место. Двајца питачи на коишто Патрокло често им даваше милостиња наидоа по патот, го препознаа телото на својот добротвор и чесно го погребаа.

Сподели на твитер
днсЈануари 2025
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
6
стар
стил
Јануари
19
Јануари
нов
стил
Недела. Не се пости.
Богојавление.
Крштевање на Господа
Иисуса Христа
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Свети Пимен Велики рекол: бегај од секој човек којшто сака да се расправа.

Древен старечник, 11. 59.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк