Православен календар

Светиот маченик Иполит

13 август (по стар стил)

Беше воен началник и надзорник на затворот во Рим, роден и воспитан како незнабожец. Кога беше фрлен во затвор архиѓаконот свети Лаврентиј, на Иполит му беше наредено од царот особено да го варди овој затвореник. Иполит виде со свои очи кога Лаврентиј му го врати видот на слепиот Лукилиј и како исцели мнозина други болни, па поверува во Христа. Кога Лаврентиј го крсти, Иполит имаше небесно видение и рече: „Ги видов непорочните души во голема радост“ (т. е. на небесата). Тогаш тој го зеде Лаврентиј во својот дом, та светиот архиѓакон му ги крсти сите деца што ги имаше; семејството заедно со старата дадилка Конкордија броеше деветнаесетмина. Кога Лаврентиј беше убиен за Христа, Иполит ноќе го зеде телото на маченикот, го завитка во плаштаница и чесно го погреба. Но, тоа некако му дојде до уши на царот Декиј и на третиот ден по смртта на Лаврентиј го фатија Иполит и го изведоа пред царот, па бидејќи не сакаше да се откаже од вистинитата вера, го биеја со камења по устата. Потоа царот нареди да го соблечат гол и да го бијат. Кога стоеше гол пред царот, Иполит му рече: „Не си ме соблекол, туку почна да ме облекуваш.“ Тогаш го спружија по земја и го шибаа немилосрдно, а Иполит само викаше: „Христијанин сум!“ Кога слушна царот дека и домашните на Иполит се христијани, нареди да ги доведат сите. Старата Конкордија рече: „Ние повеќе сакаме со нашиот господар чесно да умреме во верата Христова одошто со вас нечестивите бесчесно да живееме.“ Таа прва беше убиена, а по неа и останатите осумнаесетмина, сите пред очите на Иполит. Најпосле самиот Иполит го врзаа за див коњ и го влечеа натаму-наваму дури не ја предаде душата на Бога.

Сподели на твитер
днсФевруари 2026
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Без месоБез месо
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Февруари
16
Февруари
нов
стил
Понеделник. Без месо.
Св. Симеон Богопримец и пророчица Ана (I)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Умот на човекот кој го љуби Бога се бори не против работите или мислите за нив, но против страстите што се поврзани со тие мисли. Односно, тој се бори не против некоја жена, не против оној што го навредил, и не против нивните претстави кои што се појавуваат во умот, туку против страстите, кои се поврзани со тие претстави.

Преп. Максим Исповедник
Поглавја за љубовта, 3.40

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк