Православен календар

Светиот свештеномаченик Александар, епископ Комански

12 август (по стар стил)

Живееше како прост ќумурџија во близина на градот Коман, близу Неокесарија. Кога умре команскиот епископ, го повикаа свети Григориј Неокесариски Чудотворец (30 ноември) да претседава со соборот за избор на нов епископ. Во соборот имаше и клирици и мирјани. И избирачите никако не можеа да се согласат за една личност. При оцената на кандидатите сите главно се задржуваа на нивната надворешност, на надворешното достоинство во однесувањето. Тогаш свети Григориј рече дека не би требало толку да се гледа на надворешните одлики колку на духот и духовните способности. Тогаш некои шегобијци потсмевајќи се довикнаа: „Тогаш да го избереме за епископ Александар ќумурџијата!“ И настана општа смеа. Свети Григориј запраша кој е тој Александар. Па мислејќи дека неговото име не е спомнато на соборот без Божја Промисла, нареди и го доведоа. Ќумурџија како ќумурџија, си беше сиот црн и искинат. Неговата појава повторно предизвика смеа во соборот. Тогаш Григориј го викна настрана и го заколна да му ја каже вистината за себе. И Александар му откри дека бил грчки философ, дека уживал висока чест и положба, но дека откако го прочитал и го разбрал Светото Писмо сè отфрлил, се понизил себеси и се направил јуродив заради Христа. Григориј нареди и го измија и облекоа во нова облека, па влезе со него во соборот и пред сите почна да го испрашува од Светото Писмо. Сите се восхитија на благодатта од зборовите и мудроста на Александар и одвај можеа да го препознаат во тој мудрец молчаливиот ќумурџија што го познаваа. Беше избран за епископ едногласно. Со својата светост, мудрост и добродетел ја придоби љубовта на своето стадо. Заврши маченички во времето на Диоклецијан.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
25
стар
стил
Април
8
Мај
нов
стил
Петок. Пост.
+Апостол и евангелист Марко (63)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Повеќе од секоја молитва и жртва, пред Господа а скапоцена скрбта за Него и поради Него.

Преп. Исаак Сирин
Слова, 58

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк