Православен календар

Преподобен Ор

7 август (по стар стил)

Отшелник Тиваидски. Имаше преголем подвиг и достигна големо совршенство. Кога добро се утврди и се освети себеси во самотијата, тогаш постепено основа неколку манастири и беше извонреден духовен раководител и наставник на мнозина монаси. Руфин, кој го посети, вака го опишува: „Во својата облека тој личеше на Божји Ангел, деведесетгодишен старец со долга брада бела како снег, со многу пријатна надворешност. Неговиот поглед светеше со нешто натчовечко.“ Повеќе пати видел Ангели Божји. Особено се трудеше никогаш да не изговори невистина. Имаше големи искушенија од демоните, но трезвено и храбро ги совлада сите. Се причестуваше секојдневно. Еднаш неговиот ученик го опомена дека е Воскресение и дека треба да се празнува. Кога го слушна тоа, тој излезе надвор, ги крена рацете кон небото и три дена помина во молитва без одмор. Па му објасни на ученикот: „Тоа и е празнувањето на Воскресението за монахот, да го возвиши својот ум и да го соедини со Бога.“ Се упокои во длабока старост, околу 390 година.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
13
стар
стил
Април
26
Април
нов
стил
Пет., Велик Пост. Строг пост.
Свмч. Артемон, презв. Лаодикијски (303)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Очисти го умот твој од гнев, злопамтење и срамни мисли; и тогаш ќе узнаеш како Христос ќе пребива во тебе.

Преп. Максим Исповедник
Глава за љубовта, 4.76

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк