Православен календар

Преподобен Антониј Римјанин

3 август (по стар стил)

Роден е во Рим во 1086 година, од родители благочестиви и имотни. Во тоа време Римската црква се одвои од Источната и сите што ѝ останаа верни на Источната Црква беа гонети од римскиот клир. Меѓу гонетите беше и Антониј. Тој го раздаде сиот наследен имот и се замонаши. Се подвизуваше стоејќи на една карпа во морето четиринаесет месеци. Но, карпата се одвои од својата основа и по некоја чудна промисла доплови во Новгород. Во Новгород љубезно го прими архиерејот Никита и му помогна да ѝ подигне црква на Пресвета Богородица, каде што потоа беше подигнат манастир. Светиот Антониј поживеа долго како игумен на манастирот, пројави голема благодатна сила преку многу извршени чуда и се упокои мирно во 1146 година, кога се пресели во дворците на Господа.

Сподели на твитер
днсЈули 2025
В118
С219
Ч320
П421
С522
Н623
П724
В825
С926
Ч1027
П1128
С1229
Н1330
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Ч3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Јули
18
Јули
нов
стил
Петок. Пост.
+Преп. Атанасиј Атонски (1000); Прмц. кн. Елисавета и мон. Варвара (1918)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Љубовта кон земното ја опустошува душата и тогаш таа запаѓа во униние, подивува и не сака да се моли на Бога. А непријателот, гледајќи дека во душата Го нема Бог, ја колеба и слободно вметнува во умот што сака, ја носи душата од едни помисли кон други, и така цел ден душата го поминува во тој беспоредок и не може чисто да го созерцува Господа.

Преп. Силуан Атонски
Списи, IV.5

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк