Православен календар

Светиот маченик Евстатиј

28 јули (по стар стил)

Овој Христов маченик беше војник во Анкира. Изведен на суд не се исплаши од ниедни маки и слободно го исповедаше името на Господ Исус. Војводата Корнилиј нареди и му ги превртеа стапалата, му провлекоа јаже, па го влечеа Божјиот човек до некоја река и го фрлија во реката. Спасен со Божјата сила и исцелен од раните, тој му се јави на војводата наполно здрав. Кога го виде жив војводата толку се исплаши, што го извади мечот и самиот себеси се прободе. Евстатиј поживеа уште некое време и се упокои во Господ во 316 година.

Сподели на твитер
днсАвгуст 2018
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Август
18
Август
нов
стил
Саб., Успенски пост. Претпр. на Преображение. Масло.
Мч. Евсигниј (362); Свмч-ци Анфир (236) и Фавиј (250), папи Римски
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Најпрвин во умот проникнува проста мисла за гревот, и ако таа се задржи во умот, од тоа произлегува движење на страста. Ако не ја истребиш страста, таа ќе го натера умот на согласност со неа, а кога тоа ќе се случи тогаш следи извршување на гревот на дело... Затоа внимавај на мислите, бидејќи ако не згрешиш со мислите, никогаш нема да згрешиш ниту со дело.

Преп. Максим Исповедник
Поглавја за љубовта. 1.84, 2.78

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк