Во времето на царот Антонин, свети Јулијан премина од Далмација во Кампанија Италијанска. Беше млад и убав младич, со сета душа предаден на Господа. На патот го сретнаа царски војници кои одеа да ги фаќаат христијаните. „Мир вам, браќа!“, им се обрати Свети Јулијан. По ваквиот поздрав и по кротоста на неговото лице, војниците заклучија дека е христијанин. Кога го прашаа, Јулијан им одговори: „Христијанин сум, родум од Далмација“. Дури отворено им призна дека патува со цел да ги обраќа идолопоклониците кон единствениот жив Бог. Војниците бездушно го натепаа и најпосле го фрлија во некој ров, каде седум дена помина без каква и да е човечка храна. Но, му се јави ангел Божји и му даваше небесна храна. Изведен на суд, Јулијан остана во верата тврд како дијамант. Гледајќи ја неговата мажественост и непоколебливост во верата, триесет луѓе се обратија кон Господа Исуса Христа. Осуден на смрт, свети Јулијан клекна да Му вознесе молитва на Бога, Кому Му благодареше за маченичкиот подвиг и Го помоли да ги милува оние што ќе го почитуваат неговиот спомен. Беше убиен со секира и така Му го предаде својот дух на Бога.
д | н | с | Декември 2024 |
---|---|---|---|
Н | 1 | 18 | |
П | 2 | 19 | |
В | 3 | 20 | |
С | 4 | 21 | |
Ч | 5 | 22 | |
П | 6 | 23 | |
С | 7 | 24 | |
Н | 8 | 25 | |
П | 9 | 26 | |
В | 10 | 27 | |
С | 11 | 28 | |
Ч | 12 | 29 | |
П | 13 | 30 | |
С | 14 | 1 | |
Н | 15 | 2 | |
П | 16 | 3 | |
В | 17 | 4 | |
С | 18 | 5 | |
Ч | 19 | 6 | |
П | 20 | 7 | |
С | 21 | 8 | |
Н | 22 | 9 | |
П | 23 | 10 | |
В | 24 | 11 | |
С | 25 | 12 | |
Ч | 26 | 13 | |
П | 27 | 14 | |
С | 28 | 15 | |
Н | 29 | 16 | |
П | 30 | 17 | |
В | 31 | 18 |