Православен календар

Светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен

28 јули (по стар стил)

Четворицата беа од бројот на Седумте ѓакони и од Седумдесетте апостоли. Останатите тројца ѓакони беа: Стефан, Филип и Николај. Првомаченикот Стефан се празнува одделно на 27 декември, а Филип на 11 октомври. Николај не влезе меѓу светителите заради ерес. А првите четворица немаат посебен ден за празнување, туку сите се спомнуваат на денешен ден. Прохор беше ракоположен од светиот апостол Петар за епископ Никомидиски. Извесно време беше на служба кај свети Јован Богослов и на островот Патмос ги забележа откровенијата што ги слушнал од устата на светиот Јован. Потоа се врати во Никомидија, каде вложи голем труд за обраќање на народот во верата. Маченички се упокои во Антиохија, каде беше убиен од неверници. Свети Никанор пострада во Ерусалим истиот ден кога и светиот архиѓакон Стефан, а набрзо по него пострадаа и две илјади други христијани, кои беа убиени од зли Евреи. Тимон беше епископ во Арабија и пострада за Христа на крст. Пармен умре пред очите на апостолите и тие го оплакаа и го погребаа.

Сподели на твитер
днсМарт 2026
Н116
П217
В318
С419
Ч520
П621
С722
Н823
П924
В1025
С1126
Ч1227
П1328
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
В3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
2
стар
стил
Март
15
Март
нов
стил
Крстопоклона недела, Велик Пост. Масло.
Свмч. Теодот, еп. Киринејски (326)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако некој не им се спротивставува на помислите кои непријателот тајно ги сее во нас, туку со молитва кон Бога ја отсекува беседата со нив, тогаш тоа е знак дека неговиот ум се здобил со премудрост и дека го нашол пократкиот пат.

Преп. Исаак Сирин
Поуки. 30

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк