Православен календар

Преподобен Мојсеј Угрин

26 јули (по стар стил)

Живееше во дворецот на младиот руски кнез Борис. Кога безбожниот Свјатополк го уби Борис, Мојсеј успеа да се избави и побегна во Киев. Но малку подоцна беше заробен и одведен како роб од полскиот крал Болеслав во Полска, каде за илјада златници и го продадоа на некоја млада скверна вдовица, жена на загинат војвода на Болеслав. Оваа изопачена жена го наведуваше Мојсеј на блуд, но тој не дозволи да биде заведен, затоа што се имаше заветено да живее чисто пред Господа. Тогаш таа му предложи брак, но тој ја одби. Тајно прими монашки чин од некој светогорец и се јави пред својата госпоѓа во монашко расо. Таа го врза, нареди да го бијат и да му го отсечат тајниот орган. Маките траеја цели пет години. Цели пет години траеше заведувањето на оваа бесрамна жена, а други пет години маките и измачувањата. Кога во некоја буна ненадејно загина кралот Болеслав, тогаш ја убија и Мојсеевата господарка. Тогаш тој слободно замина во Киев и му се предаде на подвигот на безмолвие кај свети Антониј. Бидејќи ја имаше победено срамната похот во себе, на мнозина им помагаше да се спасат од неа. Неговите свети мошти исто така им помагаат на многумина (види го житието на многустрадалниот Јован под 8 јули). По десетгодишен подвиг на безмолвие во една пештера, свети Мојсеј се упокои на 26 јули 1043 година и се пресели во Христовото Царство.

Сподели на твитер
днсЈуни 2025
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
6
стар
стил
Јуни
19
Јуни
нов
стил
Чет., Апостолски пост. Масло.
Преп. Висарион Египетски (IV-V); Преп. Иларион Нов (845)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако во времето кога умот се моли се замеша во него некоја мисла од страна, или неспокојство за нешто, тогаш таа молитва не може да се нарече чиста.

Преп. Исаак Сирин
Поуки. 16

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк