Православен календар

Светиот маченик Сава Готски

15 април (по стар стил)

Во готските краишта имаше сурово гонење на христијаните. Еден готски кнез дојде во селото каде што живееше благочестивиот Сава и ги запраша селаните има ли во нивното село христијани. Тие му се колнеа дека нема ниеден. Тогаш Сава застана пред кнезот и рече: „Никој нека не се колне за мене, зашто јас сум христијанин.“ Кога го виде беден и сиромав, кнезот го пушти во мир велејќи: „Од тебе нема ни полза ни штета“. Другата година на Воскресение дојде еден свештеник Сансал во тоа село и ја отпразнува светлата Пасха заедно со Сава. Слушнаа за тоа незнабожците, па ненадејно го нападнаа домот на Сава и почнаа немилосрдно со стапови да ги бијат Божјите угодници. Сава пак, го соблекоа гол и го влечеа по трњето, а потоа двајцата ги врзаа за дрво и им нудеа месо од идолските жртви. Но сеќавајќи се на апостолските зборови Божјите луѓе одбија да јадат од скверните ѓаволски жртви. Најпосле кнезот го осуди Сава на смрт и им го предаде на војниците. Исполнет со радост Сава тргна на губилиштето фалејќи Го Бога. Кога видоа дека е добар човек, војниците патем посакаа да го пуштат, но тој многу се нажали и им зборуваше дека тие се должни да ја исполнат заповедта на својот кнез. Тогаш војниците го одведоа до една река, му врзаа камен на вратот и го фрлија во водата. Неговото тело беше исфрлено на брегот. Подоцна, во времето на царот Валент, војувајќи со Готите грчкиот војвода Јуниј Соранос го најде телото на свети Сава и го пренесе во Кападокија. Свети Сава пострада во триесет и првата година од животот, во 372 година.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
12
стар
стил
Април
25
Април
нов
стил
Чет., Велик Пост. Строг пост.
Преп. Василиј исп., еп. Париски (754); Свмч. Зинон, еп. Вероникијски (260)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

На многумина им се чини дека светиите се далеку од нас. Но, тие се далеку од оние кои самите се оддалечиле, а многу им се блиски на оние кои ги чуваат заповедите Христови и ја имаат благодатта на Светиот Дух. Не небесата сè се движи преку Светиот Дух. Но, и на земјата е истиот Свет Дух. Тој живее во Црквата; Тој живее во Таинствата; Тој е во Светото Писмо; Тој е во душите на верните. Светиот Дух сите ги соединува, па затоа светиите нам ни се блиски, и кога им се молиме тие во Светиот Дух ги слушаат нашите молитви и нашите души чувствуваат дека тие се молат за нас.

Преп. Силуан Атонски
Списи, XII.3

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк