Православен календар

Светите маченици Прокес и Мартинијан

11 април (по стар стил)

Стражари во римскиот затвор во кој беа затворени апостолите Петар и Павле. Кога го слушнаа словото и ги видоа чудата апостолски, се крстија и ги пуштија апостолите од затворот. Апостолите излегоа од Рим, но по патот на Петар му се јави Господ, Кој одеше кон Рим. „Каде одиш, Господи?“, го праша Петар. А Господ одговори дека оди во Рим на ново распетие. Засрамени, апостолите се вратија во градот и таму ги фатија и ги убија. Со нив беа убиени и овие двајца храбри стражари Прокес и Мартинијан.

Сподели на твитер
днсОктомври 2023
Н118
П219
В320
С421
Ч522
П623
С724
Н825
П926
В1027
С1128
Ч1229
П1330
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
В3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
22
стар
стил
Септември
5
Октомври
нов
стил
Четврток. Не се пости.
Прор. Јона (VIII п.Х.), Свмч. Фока, еп. Синопски (117)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Љубовта кон Христа се разгранува на љубов кон ближниот, љубов кон вистината, љубов кон светоста, кон мирот, кон чистотата, кон сè Божествено, кон сè бесмртно и вечно... Сите тие видови на љубов се природни пројавувања на љубовта кон Христа. Христос е Богочовек, и љубовта кон Него значи секогаш љубов кон Бога и љубов кон човекот... Љубејќи Го Христа Бога, ние поради Него го љубиме и во луѓето сето она што во нив е Божествено, бесмртно, христоподобно. Ние не можеме вистински да ги љубиме луѓето ако не ги возљубиме поради тие причини. Секоја друга љубов е лажна љубов, која лесно се претвора во нељубов, во омраза кон луѓето. Вистинската љубов кон човекот произлегува од љубовта кон Бога, а љубовта кон Бога расте по мерата на запазување на заповедите Божји.

Преп. Јустин Поповиќ
Толкување на 1Јн. 4,20 5:2

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк