Православен календар

Светиот маченик Евпсихиј

9 април (по стар стил)

Од благороден род и добро воспитан во благочестивата вера. Во времето на царот Јулијан Отстапник, кога во Кесарија со Црквата Божја управуваше светиот Василиј Велики, Евпсихиј стапи во брак со една угледна девојка. Но, не му беше дадено да поживее во брак ниту еден ден. Зашто во времето на неговата свадба се погоди незнабожечкиот празник на принесување жртви на идолот Фортуна. Евпсихиј отиде со другарите и ги искрши сите идоли во храмот, па и самиот храм го разори. Кога слушна за ова царот Јулијан многу се разгневи и нареди виновниците да се убијат, многубројни христијани да се земат за војска, да им се наложи огромен данок на христијаните, на нивна сметка повторно да се изгради храмот на Фортуна, а на градот да му се одземе почесното име Кесарија (кое му го беше дал кесарот Клавдиј) и да се нарече со поранешното име Маза. Свети Евпсихиј најпрво го врзаа за дрво и страшно го мачеа, а потоа го убија во 362 година. Малку потоа свирепиот цар Јулијан патувајќи за Персија го посети овој град, а одеше во војна. Во пресрет му излезе свети Василиј и во знак на почест и гостопримство изнесе три јачмени лебови. Царот нареди и на светителот како дар му дадоа грст сено. „Ти нам ни се подбиваш цару. Ние ти принесуваме од лебот со којшто се храниме, а ти нам ни даваш скотска храна, којашто ти со својата власт не можеш да ја претвориш во човечка“. На ова царот му одговори: „Знај дека со тоа сено ќе те хранам кога ќе се вратам од Персија!“ Но злобниот отстапник никогаш повеќе не се врати жив од Персија, зашто загина со заслужена и неприродна смрт.

Сподели на твитер
днсДекември 2024
Н118
П219
В320
С421
Ч522
П623
С724
Н825
П926
В1027
С1128
Ч1229
П1330
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
В3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
РибаРиба
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
25
стар
стил
Ноември
8
Декември
нов
стил
Нед., Божикен пост. Оддание на Воведение. Риба.
Св. Климент Охридски (916)
Свмч. Климент, папа Римски (101)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Христијаните се должни непоколебливо да пребиваат во Православието, да ги запазуваат едномислието и нелицемерната љубов, да ја чуваат чистотата на душата и телото, да се пазат од зли и нечисти желби, со умереност да јадат и пијат и најмногу од сè да се украсуваат со смирение. Да не го оставаат гостопримството, да се клонат од спорење, почестите и славата во земниот живот да ги сметаат за ништо, а наместо нив да очекуваат награда од Бога - насладување со небесните блага.

Преп. Сергиј Радоњешки
Житие, 32

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк