Православен календар

Светите апостоли Иродион, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј

8 април (по стар стил)

Сите беа од Седумдесеттемина апостоли. Светиот апостол Павле ги спомнува во своите Посланија. „Поздравете го“, им пишува Павле на Римјаните, „мојот роднина Иродион“ (16, 11). Иродион пострада од Евреите многу како епископ Неопатарски; го биеја со стапови по главaтa, со камења по усните, го бодеа со ножови. И кога го оставија како мртов, свети Иродион стана и продолжи да им служи на апостолите. Во Рим му помагаше на светиот апостол Петар. Го убија заедно со многумина други христијани истиот ден кога беше распнат Петар.

Свети Агав имаше пророчки дух. Во Делата Апостолски се спомнуваат неговите две пророштва. Прво, прорече голем глад по сиот свет, коj и се случи во времето на кесарот Клавдиј. И второ, кога во Кесарија се сретна со апостолот Павле којшто одеше за Ерусалим, Агав го зеде Павловиот појас, си ги врза себеси рацете и нозете, велејќи: „Вака вели Светиот Дух: човекот чијшто појас е ова, вака ќе го врзат во Ерусалим Евреите“ (Дела 21, 11).

Свети Руф беше епископ во Тива Јудејска. И него го спомнува апостолот Павле: „Поздравете го Руф, избраниот во Господ“ (Рим. 16, 13). Беше епископ во Ирканија азиска.

Свети Флегонт, кој се спомнува на истото место, беше епископ во тракискиот град Маратон.

Свети Ермиј спомнат со останатите, беше епископ во Далмација.

Сите тие како пчели Христови го разнесуваа медот на Евангелието по разни краишта, страдајќи многу за љубовта Христова. Сите се преселија во вечното царство на љубениот Христос.

Сподели на твитер
днсАприл 2026
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Април
18
Април
нов
стил
Саб., Светла седм. Не се пости.
Мч-ци Агатопод и други со него (303); Преп. Теодора Солунска (892)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако некој не им се спротивставува на помислите кои непријателот тајно ги сее во нас, туку со молитва кон Бога ја отсекува беседата со нив, тогаш тоа е знак дека неговиот ум се здобил со премудрост и дека го нашол пократкиот пат.

Преп. Исаак Сирин
Поуки. 30

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк