Православен календар

Преподобниот свештеномаченик Никита Серски

4 април (по стар стил)

Родум е од Албанија, но со словенско потекло. Се подвизуваше на Света Гора, во рускиот манастир, Свети Пантелејмон, каде што беше јеромонах. По некое време се оддалечи во скитот Света Ана, заради подвиг на безмолвие и пост. Потоа свети Никита се реши да пострада како исповедник на Христа. За таа цел, ја напушти Света Гора и дојде во градот Серес, во манастирот Свети Јован Претеча. Пристигна на Велики Понеделник, и откако се причести со Светите Тајни, на Велика Среда се упати кон џамијата Ахмед паша каде што живееше исламскиот учител заедно со своите ученици. Никита сретна еден куц ученик, и му рече дека ако се реши да прими христијанско крштение ќе оздрави од својата немоќ. Таму го фатија и го затворија. Следниот ден, на Велики Четврток, градскиот бег уреди соочување на Никита со најсилниот исламски вероучител и со сите образовани ревнители за исламот. Никита ги посрами сите нив, а за Мухамед отворено рече дека е измамник и ѓавол во тело. Заради тоа беше подложен на секакви измачувања, ноздрите му беа горени со свеќи, на главата му беше ставен усвитен железен венец, под ноктите му беа набиени игли, а потоа беше обесен со главата надолу и горен. Вечерта на Велика Сабота, Свети Никита беше осуден на смрт и веднаш обесен. Пред извршувањето на пресудата, Никита на сите им прости и од сите побара прошка. Таа ноќ жителите на градот видоа голема светлина на целата околина каде што пострада светиот Никита. На христијаните дури три дена подоцна им беше допуштено да го погребаат. Еден Солунски трговец не сакаше да го почитува Никита за светител и маченик, бидејќи Никита самиот ги беше предизвикал тие страдања, но на сон му се јави Христос уверувајќи го да не се сомнева во светоста на Никита. Отците од манастирот Свети Пантелејмон, откако разбраа за ова страдање, му составија служба. Свети Никита пострада на 4 април 1808 година.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
7
стар
стил
Април
20
Април
нов
стил
Саб., Велик Пост. Масло.
Преп. Георгиј исп., митр. Митилински (после 820); Мч. Калиопиј (304)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Повеќе од секоја молитва и жртва, пред Господа а скапоцена скрбта за Него и поради Него.

Преп. Исаак Сирин
Слова, 58

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк