Православен календар

Светата маченичка Фервута и нејзината сестра вдовица и нивната робинка

4 април (по стар стил)

Во времето на персискиот цар Савориј беше погубен светиот епископ Симеон. Неговата сестра Фервута по желба на царицата ја зедоа во дворецот. Но, таа беше необично убава и затоа навалија многубројни кандидати за женидба, меѓу кои имаше и незнабожечки гатачи и жреци. Фервута ги одби сите и со ова предизвика против себеси голем гнев. Бидејќи во тоа време се разболе царицата, гатачите му објаснија на царот дека е отруена од Фервута, а на болната царица како лек и го препорачаа ова: Фервута, нејзината сестра и нивната робинка како христијанки да се престругаат со пила, трите половини на нивните тела да се состават на една страна, а другите три половини на друга, а царицата да се протне меѓу нив. Царот се согласи со овој крволочен предлог на гатачите. Фервута, нејзината сестра и нивната робинка пострадаа за Христа во 343 година, со ваква смрт влегувајќи во бесмртното царство на Господа Христа.

Сподели на твитер
днсНоември 2026
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

• Што е тоа пост и зошто постиме?
• Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
2
стар
стил
Ноември
15
Ноември
нов
стил
Недела. Не се пости.
Мч-ци Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор, Анемподист и други со нив (345)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Внатре ние имаме длабоко вкоренети слабости, страсти и недостатоци. Сето тоа не се исправа со едно реско движење, туку со трпение и со упорност, напор и внимание. Патот што води до совршенство е долг. Молете се на Бога да ве укрепи. Трпеливо примајте ги вашите паѓања, веднаш станувајќи трчајте кон Бога, не застанувајте на тоа место каде што сте паднале. Не очајувајте ако постојано паѓате во старите гревови. Многу од нив се силни поради навиката, но сепак по некое време и заради усрдноста биваат победени. Ништо нека не ве лишува од надежта

Св. Нектариј Егински
Пат кон среќата, 3

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк