Православен календар

Светите маченици Амфијан и Едесиј

2 април (по стар стил)

Две момчиња, браќа по тело. Од градот Патара, од родители угледни, но незнабожци. Кога во градот Вирит ги изучуваа светските науки некако се просветија со Духот Божји и ја познаа лажноста на незнабоштвото, а ја наѕреа вистината на христијанството. Кога се вратија дома не можеа повеќе да живеат со своите родители и роднини незнабошци, туку тајно побегнаа во Кесарија Палестинска кај презвитерот Памфил, којшто беше познат по светоста и духовната ученост. Кај Памфил дење и ноќе се поучуваа на законот Божји и ги практикуваа христијанските подвизи. За Амфијан велат дека по тело бил стар дваесет години, а според разумот и великодушноста стогодишен. Кога настана гонењето во времето на Максимин, мнозина христијани побегнаа од градот и се сокрија, додека другите драговолно и радосно се предадоа во рацете на мачителите за да пострадаат во името на Оној Кој Самиот прв за нив пострада. Амфијан беше меѓу овие христијани. Дојде во незнабожечкиот храм бестрашно, а овде кнезот Урбан им принесуваше жртви на идолите. Амфијан го фати за раката со која кнезот ја држеше жртвата и му викна да отстапи од служење и жртвопринесување на мртвите идоли, а да Го познае вистинскиот Бог. Некои што ги слушнаа овие зборови и ја видоа оваа храброст на Амфијан се покајаа и ја примија Христовата вера. Но, кнезот се разлути и го подложи Амфијан на маки. Меѓу другото му ги обвиткаа нозете со памук и го запалија. А кога остана жив, го фрлија во морето со камен на вратот. Морето се возмути и го исфрли телото на Светиот маченик. Едесиј најпрво беше испратен во бакарните рудници во Палестина, а потоа го одведоа во Египет. Во Александрија се исполни со света ревност против еден кнез Ероклеј, којшто ги имаше собрано христијанските монахињи, девојки и чесни жени на плоштадот и за подбив им ги раздаваше на најбесрамните развратници. Едесиј се исполни со света ревност и на бесчесниот кнез му удри шлаканица. За ова тој, како и неговиот брат Амфијан, беше мачен и потопен во морето. Се жртвуваа за Христа како две невини јагниња околу 306 година.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Мај
16
Мај
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Мч-ци Тимотеј и Мавра (286); +Преп. Теодосиј Киево-Печерски (1074)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Христијани, ги разбравме ли големите обврски кои преку крштението сме ги зеле на пред Бога? Осознавме ли дека сме должни да се однесуваме како деца Божји, дека сме должни да ја поистоветиме нашата волја со волјата Божја, дека треба да бидеме слободни од грев, дека сме должни да Го љубиме Бога се целото наше срце, и со нетрпение да го очекуваме соединувањето со Него засекогаш? Сме се размислиле ли за тоа дека нашето срце треба да биде исполнето со љубов, така што таа да се излива на нашиот ближен? Имаме ли ние чувство дека сме должни да станеме свети и совршени чеда Божји и наследници на Царството Божјо? Поради сето тоа ние сме должни да се бориме, за да не бидеме недостојни и исфрлени. Никој од нас да не ја изгуби својата смелост, да не биде невнимателен кон својата должност, да не се исплаши пред тешкотиите на духовната борба. Затоа што ние за помошник Го имаме Бога, Кој што нè крепи на тешкиот пат на добродетелите.

Св. Нектариј Егински
Пат кон среќата, 2

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк