Православен календар

Свети Марко Исповедник, епископ Аретусиски

29 март (по стар стил)

За неговото страдање известуваат свети Григориј Богослов и блажениот Теодорит. Според тие извештаи Марко разурнал некој незнабожечки храм во времето на царот Константин и многумина ги превел во христијанската вера. Но, кога на царскиот престол седна Јулијан Отстапник, со отпаѓањето на овој цар од верата во Христа и некои аретуски граѓани се одрекоа од Христа и се вратија во незнабоштвото. Сега тие се кренаа на Марко затоа што им го разорил нивниот храм, па побараа или да им изгради храм или да им плати некоја поголема сума пари. Бидејќи старецот Марко се откажа да им направи како што бараа, го биеја, го навредуваа и го влечеа по улиците. Потоа со тенок и јак конец му ги одрежаа ушите, а потоа го разголеа и го намачкаа со мед, па го оставија врзан за едно дрво на летната жега за да го касаат осите, комарците и стршлените. Христовиот маченик претрпе сè без збор. Беше сосем стар, а лицето му светеше како на Господов ангел. Незнабошците ја спуштаа цената за својот храм сè пониско и на крајот му побараа на маченикот една сосем незначителна сума којашто тој лесно можеше да им ја плати, но свети Марко одби да даде и најситна паричка за таа цел. Неговата трпеливост направи огромен впечаток врз граѓаните и за ова почнаа да му се восхитуваат и да сочувствуваат со него и заради ова ја спуштија цената на својот храм речиси на нула, само за да остане жив. Најпосле го пуштија на слобода и еден по еден повторно сите примија од него поука и се вратија во Христовата вера. За слично дело во тоа време пострада и ѓаконот Кирил од градот Илиопол под гората Ливан. Тој беше разбил некои идоли за време на слободата на христијанството, и од Јулијан за ова беше луто мачен. Незнабошците беа толку озлобени на него, што кога го убија, со заби му ја распараа утробата. Истиот ден пострадаа со него и многумина други. Злобните незнабошци ги исекоа нивните тела на парчиња, ги помешаа со јачмен и им ги дадоа на свињите. Но, набрзо ги постигна казна: забите им испопаѓаа, а на усните им изби неподнослива смрдеа.

Сподели на твитер
днсМај 2025
Ч118
П219
С320
Н421
П522
В623
С724
Ч825
П926
С1027
Н1128
П1229
В1330
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
2
стар
стил
Мај
15
Мај
нов
стил
Четврток. Не се пости.
Св. Атанасиј Велики, архиеп. Александријски (373); Св. Борис-Михаил Бугарски (907)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Гордоста не ѝ дава на душата да стапи на патот на верата. На неверникот јас му давам ваков совет – нека рече: Господи, ако Ти постоиш, просветли ме и ќе Ти служам со целото срце и душа.“ И за таквата смирена мисла, и спремноста да Му се послужи на Бога, Господ задолжително ќе го просветли... И тогаш душата ќе го почувствува Господа; ќе почувствува дека Господ ѝ простил и ја љуби, и од опит ќе познае и благодатта на Светиот Дух во душата ќе сведочи спасение, и таа ќе посака да извика кон сиот свет: „колку многу нè љуби Господ.“

Преп. Силуан Атонски. Писма, III.6.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк