Православен календар

Светите маченици Хрисант и Дарија и другите со нив

19 март (по стар стил)

Хрисант беше син единец на еден велик бојарин, Полемиј, којшто од Александрија се пресели во Рим. Како син на богати родители Хрисант ги изучи разните светски школи, а ги имаше за учители најучените луѓе. Но, светската мудрост го збуни и го остави во неизвесност околу прашањето што е вистина. И тој тагуваше заради ова. A Бог Кој промислува за сите и за сè ја ублажи неговата тага: до рацете на младичот Хрисант дојдоа Евангелието и Делата Апостолски. Кога ги прочита се просветли со Вистината. Бараше учител и го најде во лицето на еден свештеник Карпофор, којшто го поучи и го крсти. Ова не му се допадна на Хрисантовиот татко кој презеде сè за да го одврати од Христовата вера. Откако не успеа, злобниот татко најпрво се обиде да го разврати, па го затвори младиот човек сам со бесрамни девојки. Хрисант се победи самиот себеси во ова и се одржа во чистота. Тогаш татко му го присили да се ожени со незнабожечката девојка Дарија. Хрисант ја поучи Дарија и таа ја прими Христовата вера и живееја заедно како брат и сестра, во привиден брак. Кога умре татко му, Хрисант почна слободно да Го исповеда Христа и да живее според Неговите заповеди, тој и сиот негов дом. Во времето на царот Нумеријан тој и Дарија беа страшно мачени за верата. Но, и самиот мачител Клавдиј, кога го виде трпението на овие маченици и чудата што се пројавија при нивното мачење, ја прими Христовата вера заедно со целиот свој дом. Затоа и него го потопија во вода, обајцата синови му ги заклаа, а жена му откако се помоли на губилиштето издивна. Дарија беше толку истрајна во маките што незнабожците викаа: „Дарија е божица!“ Најпосле Хрисант и Дарија беа каменувани во еден длабок ров. На тоа место подоцна беше подигната црква. Близу ровот имаше една пештера во која еднаш христијаните се собраа на литургија во спомен на светите маченици Хрисант и Дарија. Кога дознаа за ова незнабожците навалија и ја затворија пештерата, во која ги натераа во смрт дојдените христијани, а тие со ова се преселија во блажениот живот. Славните маченици Хрисант и Дарија и останатите што загинаа со нив, меѓу нив беше и еден свештеник Диодор и ѓаконот Маријан, пострадаа за Христа во Рим, во 283 и 284 година.

Сподели на твитер
днсМај 2022
Н118
П219
В320
С421
Ч522
П623
С724
Н825
П926
В1027
С1128
Ч1229
П1330
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
В3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
16
стар
стил
Мај
29
Мај
нов
стил
Недела на слепиот. Не се пости.
Преп. Теодор Освештен (368)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Лага – тоа е заблуда на разумот, а злото е заблуда на волјата. Знакот по кој се определуваат едното и другото се повелбите Божји... тоа на што Он го учи човекот е вистина, тоа што Он повелува да го сакаме е добро, а сè што е спротивно на тоа е полно со лага, полно со зло

Св. Никола Кавасила
7 слова за животот во Христа, 7

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк