Колку само се лажат оние кои бараат среќа надвор од себеси – во туѓи земји и патувања, во богатство и слава, во многу имот и насладувања, во задоволства и испразни работи, на кои горчлив им е крајот! Да се изнесува градината на среќата надвор од нашето срце - тоа е исто како да градиш дом на место кое постојано го тресат земјотреси. Среќата се наоѓа во нас самите, и блажен е оној кој го разбрал тоа... Среќа – тоа е чисто срце, затоа што таквото срце станува престол Божји. Така вели Господ за тие кои имаат чисто срце: „Ќе Се вселам во нив и ќе бидам нивен Бог, и тие ќе бидат Мој народ“ (2Кор.6, 16) Што уште може да им недостасува? Ништо, навистина ништо! Затоа што тие го имаат во срцето свое најголемото богатство – Самиот Бог!
Св. Нектариј Егински
Пат до среќата, 1