Христијани, секогаш радувајте се, бидејќи злото, смртта, гревот, ѓаволот и адот се победени од страна на Христос. А кога сето тоа е победено, има ли во светот нешто што е способно да ја уништи нашата радост? Вие сте господа на таа вечна радост сè дури не му се предадете на гревот. Радоста кипе во нашите срца од Неговата вистина, љубов, Воскресение, од Црквата и Неговите светии. Радост кипе во нашите срца од мачењата за Него, од исмејувањата поради Него и смртта заради Него, бидејќи тие мачења ги запишуваат нашите имиња на небесата. На земјата не постои вистинска радост без победата над смртта, а победата над смртта не постои без Воскресението, а Воскресението - без Христа. Воскреснатиот Богочовек Христос, Основачот на Црквата, непрестано ја излева таа радост во душите на Своите следбеници преку Светите Таинства и добродетели... Нашата вера е наполнета со таа вечна радост, бидејќи радоста на верата во Христа е единствената вистинска радост за човекот.
Преп. Јустин Поповиќ
Толкување на 1Сол. 5