Живееја и пострадаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (бидејќи софија на грчки значи мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добродетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот, тие сите четири држејќи се за раце смерно, но одлучно, ја исповедаа верата во Господ Христос и одбија да ѝ принесат идолски жртви на Артемида. Пред страдањето, мајката ги крепеше ќерките со совети да истраат докрај. „Вашиот небесен женик Исус Христос е вечно здравје, неискажлива убавина и живот бесмртен. И кога вашите тела ќе бидат убиени во маки, Он ќе ве облече во нераспадливост и раните на вашите тела ќе светнат на небото како ѕвезди.“ Мачителот ги мачеше со лути маки сите, една по една: најпрво Вера, па Надеж, па на крајот Љубов. Ги тепаа, ги сечеа, ги фрлаа во оган и во врела смола и најпосле една по една ги убија со меч. Софија ги зеде мртвите тела на своите ќерки, ги однесе надвор од градот и таму чесно ги погреба. Остана на нивниот гроб три дена и три ноќи молејќи Го Бога и така Му го предаде својот дух итајќи во рајските населби, каде што ја чекаа душите на нејзините блажени ќерки.
д | н | с | Март 2023 |
---|---|---|---|
С | 1 | 16 | |
Ч | 2 | 17 | |
П | 3 | 18 | |
С | 4 | 19 | |
Н | 5 | 20 | |
П | 6 | 21 | |
В | 7 | 22 | |
С | 8 | 23 | |
Ч | 9 | 24 | |
П | 10 | 25 | |
С | 11 | 26 | |
Н | 12 | 27 | |
П | 13 | 28 | |
В | 14 | 1 | |
С | 15 | 2 | |
Ч | 16 | 3 | |
П | 17 | 4 | |
С | 18 | 5 | |
Н | 19 | 6 | |
П | 20 | 7 | |
В | 21 | 8 | |
С | 22 | 9 | |
Ч | 23 | 10 | |
П | 24 | 11 | |
С | 25 | 12 | |
Н | 26 | 13 | |
П | 27 | 14 | |
В | 28 | 15 | |
С | 29 | 16 | |
Ч | 30 | 17 | |
П | 31 | 18 |