Православен календар

Света маченичка Севастијана

16 септември (по стар стил)

Светата маченичка Севастијана беше ученичка на апостолот Павел. Во време на прогонот на христијаните од императорот Домицијан (81-96) таа беше судена од управителот Георгиј во градот Маркианопол, во Мизија. Севастијана цврсто ја исповедаше својата вера во Христа и заради тоа беше подложена на жестоки измачувања. Најпрвин ја биеја, а потоа ја фрлија во запалена печка, од којашто таа излезе неповредена. Потоа ја пратија во градот Хераклеа каде што беше повторно судена. Управникот Помпијан заповеда да ја обесат Севастијана на дрво и да ѝ го стругаат телото. Маченичката остана непоколеблива во својата вера. Тогаш управникот заповеда да ја предадат да биде изедена од ѕверови. Но, Господ повторно ја заштити маченичката, та дивите животни не се ни допреа до неа. На крај, управникот нареди таа да биде обезглавена. Нејзиното тело беше фрлено во море, а Ангелите го пренесоа на островот Родос.

Сподели на твитер
днсСептември 2026
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
1
стар
стил
Септември
14
Септември
нов
стил
Понеделник. Почеток на индиктот. Не се пости.
+Преп. Симеон Столпник (459) и неговата мајка Марта (428)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кој не ги љуби непријателите, тој не може да го познае Господа и сладоста на Светиот Дух. Светиот Дух учи да се љубат непријателите на тој начин што душата да ги жали, како да ѝ се родени деца.

Преп. Силуан Атонски
Списи. I. 11

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк