Православен календар

Крстовден

14 септември (по стар стил)

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Јерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја, светата царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христа. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде се наоѓаше Крстот, па принуден од царицата изјави дека Крстот е закопан под храмот на Венера, што на Голгота го подигна царот Адријан. Царицата нареди и го разурнаа оној идолски храм, па копајќи во длабочина најдоа три крста. Додека царицата беше во недоумение како да познае кој од трите е Христовиот Крст, покрај местото поминуваше поворка со мртовец. Тогаш патријархот Макариј рече да ги полагаат крстовите редум врз мртовецот. А кога го ставија врз него третиот крст, покојникот оживеа. По тоа познаа дека е тоа вистинскиот Христов Крст, чесен и животворен. Потоа истиот го положија врз една болна жена и жената оздраве. Тогаш патријархот го крена крстот за да го види сиот народ, а народот со солзи пееше: „Господи помилуј!“ Царицата Елена направи ковчег од сребро и го положи во него Чесниот Крст. Подоцна, кога царот Хозрој го зазеде Јерусалим, многумина ги одведе во ропство, а Крстот Господов го однесе во Персија. Во Персија Крстот лежеше четиринаесет години. Во 628 година, грчкиот цар Ираклиј го победи Хозрој и со слава го поврати Крстот во Јерусалим. Влегувајќи во градот царот Ираклиј го носеше Крстот на своите плеќи. Но, одеднаш застана и не можеше да зачекори ни чекор. Патријархот Захарија виде Ангел којшто му попречуваше на царот во раскошни облеки да оди под Крстот, по оној пат по кој Господ одеше бос и понижен. Тоа видение патријархот му го објави на царот. Тогаш царот се слече, па босоног и во бедна облека го зеде Крстот, го изнесе на Голгота и го положи во храмот на Воскресението, на радост и за утеха на целиот христијански свет.

Сподели на твитер
днсМарт 2019
П116
С217
Н318
П419
В520
С621
Ч722
П823
С924
Н1025
П1126
В1227
С1328
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
11
стар
стил
Март
24
Март
нов
стил
Недела на свети Григориј Палама, Велик Пост. Масло.
Св. Софрониј, патр. Јерусалимски (638-644)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Секој од нас може да расудува за Бога само толку колку ја познал благодатта на Светиот Дух; затоа што, како можеме ние да зборуваме и расудуваме за тоа што не сме го виделе, или за она што не сме го чуле и што не го знаеме? Ете светиите велат дека го виделе Бога, а има и луѓе кои велат дека нема Бог. Јасно е дека така зборуваат зашто не го познале Бога, и тоа воопшто не значи дека нема Бог. Светиите, пак, говорат за она што навистина го виделе и го знаат.

Преп. Силуан Атонски
Писанија VIII.9

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк