Православен календар

Светите маченички Минодора, Митродора и Нимфодора

10 септември (по стар стил)

Трите се родени сестри од некое место во Витинија Азиска. Воспитани во христијански дух, се повлекоа од градот во пустината, сакајќи да го воздигнат својот ум кон Бога и да се ослободат од сиот лажлив свет и така да го проживеат овој век во чистота и девственост, како вистински невести Христови. Се предадоа на голем труд, пост и молитва, додека Бог не ги украси со дар на чудотворство. Кога почнаа кај нив да доаѓаат болни заради исцеленија, станаа прочуени наспроти нивната волја. Слушна за нив и кнезот Фронтон и ги довлече на суд. Кога ги виде, се зачуди од убавината на нивните лица. Бидејќи иако беа големи испоснички, и телото им беше суво, лицето им беше светло, озарено со внатрешен мир и Божествена благодат. Кнезот најпрво им ласкаше и им ветуваше да ги испрати кај царот којшто би ги омажил за свои големци, но кога се увери дека неговите ласкања и ветувања немаат никакво дејство врз овие невести на Господ Исус Христос, нареди, па прво ја мачеа Минодора, а нејзините сестри ги фрлија во затвор. По жестоките маки кнезот ѝ свика на Минодора: „Принеси им жртва на боговите!“ На ова, светата маченичка одговори: „Зар не гледаш дека ништо друго и не правам туку самата себеси Му се принесувам на жртва на мојот Бог?“ Кога света Минодора издивна во маки, тогаш кнезот ги изведе и останатите две сестри и ги постави покрај мртвото тело на Минодора, па покажувајќи на неа ги советуваше да се одречат од Христа. Но, бидејќи останаа непоколебливи и нив ги уби во големи маки. Во тој миг удри гром од небото и го погуби бездушниот Фронтон со неговите слуги. Христијаните чесно ги погребаа телата на светите маченички. Пострадаа меѓу 305 и 311 година, во времето на Максимијан Галериј и се упокоија во Христовото Царство.

Сподели на твитер
днсОктомври 2026
Ч118
П219
С320
Н421
П522
В623
С724
Ч825
П926
С1027
Н1128
П1229
В1330
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

• Што е тоа пост и зошто постиме?
• Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Октомври
18
Октомври
нов
стил
Недела. Не се пости.
Мц. Харитина (304); Св. Петар, Алексеј, Јона, Филип, Ермоген и Тихон Моск.
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако некој кој еднаш се покајал во некој грев, повторно го прави истиот грев – тоа е знак дека не се исчистил од причината за тој грев, од која, како од корен, повторно растат гранки.

Св. Василиј Велики

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк