Православен календар

Светите маченици Јувентин и Максимин

5 септември (по стар стил)

За животот на овие двајца свети луѓе се знае многу малку, но нивното страдање за Христа нѝ е познато од беседата на свети Јован Златоуст во нивна пофалба. Тие беа војници во времето на царот Јулијан Отстапник. На еден војнички пир, во разговор со другите, тие го осудија царот заради гонењето на христијаните. Некој му го јави тоа на царот и царот ги фрли во затвор. Некои од луѓето на царот ги посетија со намера да ги одвратат од вистинската вера, велејќи им дека многу од нивните другари се откажале од Христа. На тоа тие витешки одговорија: „За тоа токму ние мораме да стоиме храбро и да се принесеме себеси на жртва заради нивното отстапништво.“ Убиени се ноќе со меч. Но, потоа, се пронајдени нивните мошти, а од нив се пројави чудотворна сила.

Сподели на твитер
днсСептември 2026
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
1
стар
стил
Септември
14
Септември
нов
стил
Понеделник. Почеток на индиктот. Не се пости.
+Преп. Симеон Столпник (459) и неговата мајка Марта (428)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Расудливиот човек, размислувајќи за исцелителноста на Божјата Промисла, со благодарност ги поднесува несреќите коишто му се случуваат, причините за нив тој ги гледа во своите сопствени гревови, а не во нешто друго. Неразумниот, пак, кога греши и добива за тоа казна, како причина на своите несреќи Го смета или Бога или другите луѓе, и не ја разбира премудрата грижа на Бог за него.

Преп. Максим Исповедник
Поглавја за љубовта, 2.46

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк