Православен календар

Светите маченици Маркел и Касијан

4 септември (по стар стил)

Царот Максимијан Херкул нареди дека сите војници мораат да им принесат жртви на идолите. Маркел во тоа време беше војник, а Касијан нотар (писар). Тогаш Маркел како христијанин рече: „Ако војничкиот позив е поврзан со жртвопринесување на идолите, јас не можам да бидам војник.“ Па го симна војничкиот појас и оружјето и ги фрли од себе. Веднаш беше осуден на смрт. Касијан требаше да ја напише смртната пресуда за Маркел, но тој одби да ја напише. Беа убиени заедно, и душите им се преселија во Царството Небесно.

Сподели на твитер
днсСептември 2026
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
1
стар
стил
Септември
14
Септември
нов
стил
Понеделник. Почеток на индиктот. Не се пости.
+Преп. Симеон Столпник (459) и неговата мајка Марта (428)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Едно е да се избавиш од помислите, а друго е да се ослободиш од страстите. Често има избавување од помислите кога ги нема пред очи тие предмети кон кои човекот има страст; меѓутоа страстите се кријат во душата и при повторното појавување на предметите - се појавуваат и страстите. Затоа треба да се набљудува умот при појавување на работите и да се дознава кон што имаш страст.

Преп. Максим Исповедник
Поглавја за љубовта, 3.78

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк