Православен календар

Свети свештеномаченик Вавила

4 септември (по стар стил)

Овој голем и прекрасен човек, ако може да биде наречен човек, како што се изразува свети Јован Златоуст за него, беше архиереј во Антиохија во времето на скверниот цар Нумеријан. Нумеријан беше заклучил мир со некој варварски цар којшто беше многу поблагороден и помирољубив од самиот Нумеријан. Во знак на својата искрена желба за траен мир, варварскиот цар го даде своето помало синче на дворецот кај царот Нумеријан за да се воспитува таму. Еден ден, Нумеријан со свои раце го закла тоа невино детенце и им го принесе на жртва на идолите. Уште жежок од злосторството и од невината крв, овој злосторник под круна, појде во христијанскиот храм да види што се прави таму. Свети Вавила беше со народот на молитва, па слушна дека царот доаѓа со својата свита и сака да влезе в црква. Вавила го прекина богослужењето, излезе пред црквата и му рече на царот дека не може да влезе во светиот храм, каде што се прославува единствениот вистинит Бог. Беседејќи за Вавила, Златоуст рече: „Од кого друг би се уплашил оној којшто со таква власт се однесуваше кон царот?... Тој со тоа ги научи царевите да не ја спростираат својата власт подалеку од мерата што им ја дал Бог; им покажа на свештениците како треба да се ползуваат со својата власт.“ Посрамен, царот се врати, но смисли одмазда. Утредента, царот го повика Вавила и почна да го укорува и да му нуди да им принесе жртва на идолите, што светителот се разбира дека го одби неотстапно. Тогаш царот го окова во вериги и го фрли во затвор. Царот исто така ги измачуваше и трите деца: Урван кој имаше дванаесет, Прилидијан кој имаше девет и Еполиниј кој имаше седум години. На овие деца Вавила им беше духовен отец и учител и тие не се одвојуваа од него заради љубовта кон него. Тие беа синови на една благочестива христијанка Христодула, којашто и самата страдаше заради Христа. Царот најпрво ги пореди, па на секое дете му удрија толку стапови колку што имаше години, а потоа ги фрли во затворот и најпосле ги уби со меч сите тројца. Вавила, окован присуствуваше на мачењето на децата и ги храбреше, а потоа и самиот ја положи својата чесна глава под мечот. Христијаните го погребаа во окови, како што им остави завет пред смртта, во една гробница со оние тројца прекрасни младенци. Нивните свети души одлетаа во небесните живеалишта, а нивните чудотворни мошти останаа за полза на верните, како сведоштво на нивната храброст во верата. Пострадаа околу 250 година.

Сподели на твитер
днсНоември 2025
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
25
стар
стил
Октомври
7
Ноември
нов
стил
Петок. Пост.
Мч-ци Маркијан и Мартириј, нотари Константинополски (355)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној којшто со страв Божји го вразумува и поучува оној што греши, тој се здобива со добродетел спротивна на гревот. А злопамтивиот којшто недоброжелно го порекнува грешникот паѓа, според духовниот закон, во истата страст со него.

Преп. Марко Подвижник
Слова. 2. 183.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк