Православен календар

Преподобен Симеон Столпник

1 септември (по стар стил)

Родум Сириец, од родители селани. Во својата осумнаесетта година побегна од родителите и се замонаши. Се предаваше себеси на најтешки подвизи, понекогаш постејќи по четириесет дена. Потоа се предаде на особен подвиг: имено, деноноќно стоеше на столб, во непрестајна молитва. Неговиот столб најпрво беше висок шест лакти, потоа му подигнаа еден од дванаесет, па од дваесет и два, па од триесет и шест, и најпосле столб висок четириесет лакти. Мајка му Марта двапати доаѓаше да го види, но тој не ја примаше, туку од столбот ѝ рече: „Не ме вознемирувај сега, мајко, ако се удостојам ќе се видиме во оној свет.“ Свети Симеон претрпе безбројни напади од демоните, но сите ги победи со молитва кон Бога. Овој светител изврши големи чуда и мнозина болни ги исцели со збор и со молитва. Околу неговиот столб притекнуваше народ од сите страни, богати и сиромашни, цареви и робови. И тој им помагаше на сите: на некои враќајќи им го телесното здравје, на некои давајќи им утеха и поука, а некои разобличувајќи ги заради нивната еретичка вера. Така ја одврати царицата Евдокија од Евтихиевата ерес и ја приведе кон Православието. Свети Симеон се подвизуваше за време на царевите Теодосиј Помладиот, Маркијан и Лав Велики. Овој прв столпник во христијанството и голем чудотворец поживеа сто и три години и се упокои во Господ на 14 септември, 459 година. Неговите мошти се пренесени во Антиохија, во црквата посветена на неговото име.

Сподели на твитер
днсФевруари 2023
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
27
стар
стил
Јануари
9
Февруари
нов
стил
Четврток. Не се пости.
+Пренос на моштите на св. Јован Златоуст (438)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Господ многу го љуби грешникот кој се кае и милостиво го прегрнува: „Каде беше чедо Мое? Јас одамна те чекам.“ Господ сите ги повикува кон Себе со гласот на Евангелието, и Неговиот глас се слуша по сета вселена: „Дојдете при Мене овци Мои. Јас ве создадов и ве љубам. Мојата љубов кон вас ме симна на земјата и Јас сè претрпев за вашето спасение и сакам да ја познаете Мојата љубов и да речете како апостолите на Тавор: Господи, добро ни е со Тебе.“

Преп. Силуан Атонски
Списи. IX. 27

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк