Православен календар

Собор на сите српски просветители и учители

30 август (по стар стил)

Овој ден не се споменуваат сите српски светители воопшто, туку само неколкумина архиепископи и патријарси - просветители, и тоа: свети Сава, првиот српски архиепископ, наречен рамноапостолен; Арсениј, наследник на свети Сава, голем архиереј и чудотворец; Сава II, син на првовенчаниот крал Стефан, живееше во Јерусалим подолго време, за него се вели дека беше „сличен на Мојсеј во кротоста“; Никодим, се подвизуваше на Света Гора и беше игумен на манастирот Хиландар, потоа архиепископ на сите српски и поморски земји; Јоаникиј, најпрво архиепископ, а од 1346 година патријарх; Ефрем, подвижник, наспроти сопствената волја избран за патријарх во времето на кнезот Лазар во 1376 година, го круниса Лазар, а потоа се откажа од патријаршискиот престол и се повлече во подвиг на осамеништво; Спиридон, наследник на Ефрем, се упокои во 1388 година; Макариј, обнови многубројни стари манастири, печатеше црковни книги во Скадар, Венеција, Белград и на други места, ја подигна прочуената трпезарија при пеќскиот манастир и многу стори за унапредување на Црквата со помош на својот брат, великиот везир Мехмед Соколовиќ, се упокои во 1574 година; Гаврил, по потекло благородник од Рајиќ, учествуваше на Московскиот Собор при патријархот Никон, заради што Турците го измачуваа како предавник и на крајот го обесија, во 1656 година. Освен овие се спомнуваат уште Евстатиј, Јаков, Даниил, Сава III, Григориј, Јован, Максим и Никон. Многумина од нив се подвизуваа на Света Гора, но сите беа „раби блази и вјерни, добри же дјелателие винограда Господња“ (раби благи и верни, добри трудбеници на лозјето Господово).

Сподели на твитер
днсФевруари 2025
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Февруари
18
Февруари
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Мц. Агатија (251); Св. Теодосиј, архиеп. Черниговски (1696)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Потребно е да се сака само едно: да се биде со Исуса. Богат е оној кој пребива со Исуса, па дури и да е беден во материјална смисла. Кој го сака земното повеќе од небесното - се лишува и од небесното и од земното. Оној што го бара небесното - господар е на целиот свет

Св. Игнатиј Брјанчанинов
Отечник, авва Евгениј

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк