Православен календар

Светиот маченик Адријан и преподобна Наталија

26 август (по стар стил)

Маж и жена, обајцата од благороден и богат род, од Никомидија. Адријан беше незнабожец и началник на преторот, а Наталија потајна христијанка. Беа млади и живееја во брак тринаесет месеци до мачеништвото. Кога свирепиот цар Максимијан ја посети Никомидија, заповеда христијаните да се фаќаат и да се подложуваат на маки. Во близина на градот, во една пештера, беа собрани дваесет и тројца христијани. Некој ги поткажа кај власта и беа луто камшикувани со воловски жили и биени со стапови, па потоа ги фрлија во затвор. По ова ги изведоа од затворот и ги одведоа кај преторот заради попис на имињата. Адријан ги гледаше овие луѓе, измачени и трпеливи, мирни и кротки, па ги заколна да му кажат што очекуваат од својот Бог за толкуте претрпени маки. Тие му говореа за блаженството на праведните во Царството Божјо. Кога го слушна тоа и повторно се загледа во нив, Адријан одеднаш се сврте кон писарот и му рече: „Запиши го и моето име со светите, и јас сум христијанин.“ Писарот, кога слушна, го праша: „Да не слезе полуде?“ Одговорот на Адријан беше: „Не полудев, туку се вразумив.“ Откако слушна за ова Наталија многу се израдува и кога Адријан со другите седеше окован во затворот, таа дојде и им служеше на сите; а кога мажот ѝ го биеја и го измачуваа со разни маки, таа го храбреше да истрае докрај. После долги маки во затворот, царот нареди таму да се однесе наковална за да им ги толчат со чекан рацете и нозете. Ова беше извршено, и така Адријан и останатите дваесет и тројца мажи издивнаа во претешки маки. Нивните мошти Наталија ги пренесе во Цариград, каде што ги погреба чесно. По неколку дена и се јави свети Адријан, сиот во светлост и надземна убавина и ја повика да појде кај Господа. Света Наталија мирно Му го предаде на Бога својот дух.

Сподели на твитер
днсСептември 2026
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
1
стар
стил
Септември
14
Септември
нов
стил
Понеделник. Почеток на индиктот. Не се пости.
+Преп. Симеон Столпник (459) и неговата мајка Марта (428)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Љубовта кон земното ја опустошува душата и тогаш таа запаѓа во униние, подивува и не сака да се моли на Бога. А непријателот, гледајќи дека во душата Го нема Бог, ја колеба и слободно вметнува во умот што сака, ја носи душата од едни помисли кон други, и така цел ден душата го поминува во тој беспоредок и не може чисто да го созерцува Господа.

Преп. Силуан Атонски
Списи, IV.5

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк