Православен календар

Светиот апостол Тит

25 август (по стар стил)

Еден од седумдесетте. Роден е на Крит и воспитан со грчката поезија и философија. Во една прилика, тој зеде да го чита Пророкот Исаија и се посомнева во елинската мудрост. Откако слушна за Господа Исуса Христа, дојде во Ерусалим со уште некои Критјани и лично ги слушна зборовите на Спасителот и ги виде Неговите силни дела. Неговото младешко срце се прилепи за Христа. Подоцна беше крстен од апостол Павле, кому во евангелското дело му служеше како на татко. Павле толку го возљуби Тит, што го нарекуваше ту син (Тит 1,4) ту брат (2Кор. 12,18). Тит многу патуваше со големиот апостол на народите и од него беше поставен за епископ Критски. При Павловото страдање во Рим беше присутен и Тит, којшто чесно го погреба телото на својот учител и духовен отец. Потоа се врати на Крит и таму со голем успех ги крштеваше незнабошците и мудро управуваше со Црквата Божја до длабока старост. Се упокои во деведесет и четвртата година од својот живот

Сподели на твитер
днсСептември 2026
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
1
стар
стил
Септември
14
Септември
нов
стил
Понеделник. Почеток на индиктот. Не се пости.
+Преп. Симеон Столпник (459) и неговата мајка Марта (428)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кај секој што оди на грев мислите како да се закочени и видот како да е повреден и не распознава, бидејќи лукавиот кој нè поттикнува и нè заведува, ни го раслабува и замаглува гледањето. А после постапката тој го става пред нашите очи направеното и жестоко го открива тоа, што претходно со многу лукавства го сокривал, па разоткривајќи ја тежината на направеното се труди да го турне оној кој што згрешил во очај.

Св. Фотиј Велики
Амфилохии, 14

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк