Православен календар

Светата маченичка Сира (Кира)

24 август (по стар стил)

Роднина на света Марија Голиндуха (25 јули). Персијка од градот Хирхаселевкос, ќерка на голем жрец огнопоклоник. Воспитана во незнабоштво, девицата Сира дозна за Христа од некои бедни жени христијанки и нејзиното младо срце се разгоре со љубов кон Господа. Еднаш кога боледуваше, а додека сè уште не беше крстена, побара од христијанскиот свештеник прав од црквата, меѓутоа тој дури и тоа ѝ го одби, бидејќи беше некрстена. Тогаш таа со голема вера се допре до одеждите на свештеникот и оздраве. Тоа чудесно исцеление уште повеќе ја утврди во Христовата вера. Но, нејзиниот бездушен татко ја предаде на измачувања, при што беше охрабрувана со небесни виденија. Ја удавија насилно со коноп и ја потопија во вода, во 558 година, во времето на персискиот цар Хозрој I, а во осумнаесеттата година од нејзиниот живот. Така оваа света девица го заврши патот на земјата и се пресели во Ангелските престојувалишта на небото.

Сподели на твитер
днсСептември 2026
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
1
стар
стил
Септември
14
Септември
нов
стил
Понеделник. Почеток на индиктот. Не се пости.
+Преп. Симеон Столпник (459) и неговата мајка Марта (428)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако сакаш Господ да ги покрие твоите гревови, тогаш не им ја покажувај на луѓето добродетелта која што ја имаш. Бидејќи како што постапуваме во однос на нашите добродетели, така Бог прави со нашите гревови.

Преп. Марко Подвижник
Слова, 2.135

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк