Православен календар

Светата маченичка Евлалија

22 август (по стар стил)

Во времето на страшните гонења на христијаните, во Шпанија живееше една девица по име Евлалија, родена од родители христијани, во местото наречено Варкинон. Сета предадена на Христа како на свој Женик, сета вдлабочена во Светото Писмо, таа истрајно се трудеше во драговолни подвизи на духот и телото. Кога мачителот Дакијан немилосрдно ги убиваше христијаните ширум Шпанија, па дојде и во Варкинон, Евлалија ноќе се искрана од домот на родителите, излезе пред мачителот и пред многуброен народ го разобличи за убивање невини луѓе, а ги исмеа и мртвите идоли и јавно ја исповеда својата вера во живиот Господ Христос. Разјарен, Дакијан нареди да ја разголат и да ја бијат со стапови. Во тоа мачење светата девица изјави дека заради Христа не чувствува ни болки ни маки. Тогаш мачителот ја заврза крстообразно за едно дрво и нареди телото да ѝ го палат со свеќи. Ја запраша каде е нејзиниот Христос сега да ја спаси. А Евлалија одговори: „Овде е со мене, но ти заради твојата нечистотија не можеш да Го видиш.“ Евлалија Му го предаде својот дух на Бога во големи маки. Кога издивна, видоа како од нејзината уста излегува бел гулаб. Тогаш ненадејно падна снег и го покри голото тело на маченичката како да е фустан. Третиот ден дојде свети Феликс и жално плачеше пред висечкото тело на света Евлалија. Тогаш на мртвото лице на светителката се појави насмевка. Нејзините родители дојдоа заедно со другите христијани и чесно го погребаа телото на светата девица. Света Евлалија пострада за својот Господ и појде во вечната радост на почетокот од 4 век.

Сподели на твитер
днсЈуни 2026
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
24
стар
стил
Мај
6
Јуни
нов
стил
Сабота. Оддание на Педесетница. Не се пости.
Преп. Симеон столпник (596); Преп. Никита, столпник Переславски (1186)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако човек нема воопшто никакви грижи за себеси, заради љубовта кон Бога и добродетелните дела, знаејќи дека Бог ќе се погрижи за него, тогаш таквата надеж е вистинска и мудра. А ако човек сам се грижи за своите работи, а се обраќа со молитва кон Бога само кога ќе му се случи неволја со која тој не е силен да се справи, и дури тогаш почнува да се надева на Бога, тогаш таквата надеж е пуста и лажна. Вистинската надеж го сака само Царството Божјо... Срцето не може да има мир додека не стекне таква надеж. Таа ќе го смири и ќе влее во него радост

Преп. Серафим Саровски
Поуки, 4.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк