Православен календар

Велика Сабота

саботата пред Пасха

Во светата и Велика Сабота го празнува боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господа Бога и Спасителот Исуса Христа, преку Кого нашиот род беше призван и пријде во вечен живот. Сите дни ги надминува Светата Четириесетница, од целата света Четириесетница, најголема е Страстната и Велика седмица, а од Страстната седмица најголема е Великата и Света Сабота. Не се нарекува велика седмица затоа што тие денови се поголеми или часовите подолги, туку заради великите и надприродни чудеса и дела на коишто нашиот Спасител ги изврши во неа, а најмногу во Великата Сабота. Како што во првото создавање на светот, откако го изврши секое дело, а најглавното последно – во шестиот ден го создаде човекот, во седмиот ден Он одмори од сите Свои дела и тој ден го освети нарекувајќи го сабота, што се толкува како „одмор“. Така и сега, откако изврши сè извонредно, а во шестиот ден го пресоздаде изветвениот човек и го обнови со живоносниот Крст и со смртта, во следниот седми ден се упокои од извршените дела, заспивајќи со животворен и спасителен сон. Словото Божјо слегува со телото во гроб, слегува и во адот со Својата нетлена и Божествена душа, разделувајќи се во смртта од телото коешто го предаде во рацете на Отецот, Кому му ја принесе и Својата Крв, што стана избавување за нас. Во адот, Господовата душа не беше задржана како другите свети души, бидејќи Тој не подлежеше на прародителската клетва како тие. Се всели во гроб, нашиот Господ Исус Христос телесно и со Божеството. Беше со разбојникот во рајот и во адот беше со Својата обожена душа. Натприродно и со Отецот и Духот седеше, како Бог неопислив секаде беше истовремено. Божеството не пострада во гробот, како што не пострада ниту на Крстот. И тление, односно разделување на душата од телото, претрпе Телото Господово, но распаѓање на телото – не. Јосиф, пак, откако го зема светото Тело Господово, во погреба во нов гроб близу Јерусалим, во градина, и на влезот стави голем камен. Јудејците, пак, по петокот, пристапија при Пилата и му рекоа: „Господине, помниме дека оној измамник рече, додека беше жив, дека по три дни ќе воскресне, затоа сметаме дека е добро твојата власт да им заповеда на војниците да го запечатат гробот.“ Кога рече Христос „ќе воскреснам“? Можно е ова Јудејците да го заклучија од историјата за Јона. Пилат им одговори: „Ако бил измамник, зошто се грижите за Неговите зборови? Тогаш значи е умрен.“ Безумните велеа: „Ако го осигураш гробот, нема да го украдат.“ Пилат им заповеда сами со војниците да одат и да го запечатат гробот со свој печат, а не со туѓи стражари и туѓ печат, за да не излаже некој за Воскресението Господово. Адот, пак, е избезумен бидејќи чувствува голема сила: заради неправедното примање на Христа, тврдиот и аголен камен, ги изблу и сите мртви кои од памтивек ги држеше во својата утроба и ги имаше за храна.

Сподели на твитер
днсАприл 2025
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
13
стар
стил
Април
26
Април
нов
стил
Саб., Светла седм. Не се пости.
Свмч. Артемон, презв. Лаодикијски (303)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Во секој Христијанин Христос е Оној Кој војува и победува, и Тој е Оној што го призива Бога, и Кој се моли, и Кој благодари - сето тоа се дејствија на Христа, Кој се радува и се весели кога ќе види дека во нас пребива тоа убедување, дека Христос е Тој Кој го прави сето тоа. Затоа секој христијанин за сите добри дела кои ги прави, должен е да каже дека нив ги прави Христос, а не тој самиот; кој не мисли така, напразно се нарекува себе си христијанин.

Преп. Симеон Нов Богослов
Слова, ч.1,4

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк