Православен календар

Велики Четврток: на Тајната Вечера

четвртокот пред Пасха

На светиот и велики четврток, светите Отци, коишто добро го уредија превземеното од светите Апостоли, од светите и божествени Евангелија, ни предадоа денес да празнуваме четири настани: светото миење на нозете на учениците, Тајната Вечера т.е. нам предавањето на страшните тајни, чудесната молитва и самото издавање. Бидејќи јудејската пасха мораше да биде направена во петок, а бидејќи приличеше вистината да биде во согласност со праобразот, т.е. тогаш и Христос да биде принесен како Пасха за нас, Господ Исус Христос, по зборовите на светите Отци, ја направи Пасхата со учениците пред тоа, во четвртокот навечер. Таа вечер, и целиот петок Јудејците ја сметаат како еден ден. Тоа го направи за да не биде престапник на законот. Потоа покажувајќи им го на учениците направеното, им ја предаде тајната и на нашата Пасха, во големата горна одаја, кога веќе беше настапила ноќта. Гледате дека тоа не беше законска пасха: тука се седи, тука има вечера, леб и вода, а таму сè е печено на оган и бесквасно. Како што велат стиховите на Тајната Вечера: Двојна вечера се поставува: Пасха законита, и Пасха нова – Крвта и Телото Господови. На Велики Четврток, Господ Исус Христос ја востанови светата Тајна Причест, со зборовите: „Земете, јадете, ова е Моето Тело“ и „Пијте од неа сите, ова е Крвта Моја на Новиот Завет, која за вас и за мнозина се излева, за отпуштање на гревовите“ (Мт. 26:26-28). Овие зборови можат да се слушнат на секоја Света Литургија, чијшто централен дел е Светата Причест. Господ Исус Христос со миењето на нозете ги поучува учениците да не бараат старешинство. Миејќи им ги нозете, исто така, им покажа дека ќе се возвиси секој што себе си се понижува. После вечерата се упатија на Маслиновата гора, во местото Гетсиманија, каде што, како што велат стиховите од богослужбата од лицето Христово течеше: пот како капки крв, и: со молитвата ги фаќаш непријателите за смртта навистина да ја уништиш. Потоа Јуда, со војници и народ, му се приближи на Исуса Христа, го целива – со тоа давајќи им знак дека е тој. Тие го фатија и врзан го доведоа во дворот на првосвештеникот Ана, кадешто веќе се беа собрале обвинителите Христови: фарисеите и книжниците. Ние, значи, празнуваме и со страв правиме спомен на тие страшни и неискажани настани и дела..

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
12
стар
стил
Април
25
Април
нов
стил
Чет., Велик Пост. Строг пост.
Преп. Василиј исп., еп. Париски (754); Свмч. Зинон, еп. Вероникијски (260)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Нè повлекува со себе потокот на минливите нешта, но во тој поток како да пораснало дрво – Господ наш Исус Христос. Тој примил плот, умрел, воскреснал и се вознел на небесата. Тој се согласил да биде во потокот на минливото. Те влече ли стрмоглаво тој поток? Држи се за дрвото. Те опфатила ли љубов за светот? Држи се за Христа. Поради тебе Тој постана времен, за ти да станеш вечен, затоа што тој така постана времен, што при тоа остана вечен... Колку е голема разликата меѓу двајца луѓе кои се во затвор, ако едниот од нив е затвореник, а другиот е посетител! Човек оди кај својот пријател да го посети, и тогаш се чини дека и двајцата се во затвор, но меѓу нив има голема разлика. Едниот таму издржува казна, а другиот принесува човекољубие. Така и во нашата смртност: нас тука нè држи вината, а Христос дојде од милосрдие; Тој влезе кај затвореникот како ослободител, а не како обвинител

Блаж Августин
Послание кон Партјаните, II.10

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк