Православен календар

Недела на света Марија Египетска

петта недела од великиот пост

Петтата недела од Великиот Пост е посветена на преподобната Марија Египетска бидејќи во оваа недела, една пред почетокот на Страсната Седмица, Црквата ја достигнува полнотата на покајанието. А светата Марија Египетска е впечатлив пример токму на длабоко покајание. Таа од својата дванаесетта година почнала да живее развратно и во разврат поминала седумнаесет години. Во една прилика, дошла во Јерусалим и посакала да влезе в црква и да му се поклони на Чесниот Крст, но некоја невидлива сила ја задржувала и не ѝ допуштала да влезе. Во голем страв погледнала во иконата на Пресвета Богородица во припратата на црквата, молејќи се кон Пречистата да ѝ дозволи да влезе и да го целива Чесниот Крст, ветувајќи дека потоа ќе го смени својот живот. Тогаш ѝ било дозволено да влезе в црква. А таа, откако го целивала Чесниот Крст, оставила сè и се населила во пустината од другата страна на Јордан. Таму поживеала цели четириесет и осум години, во преголеми маки, во борба со страсните помисли како со диви ѕверови. Така, таа од голема грешница, со Божја помош, станала голема светителка.

Сподели на твитер
днсАприл 2021
Ч119
П220
С321
Н422
П523
В624
С725
Ч826
П927
С1028
Н1129
П1230
В1331
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
29
стар
стил
Март
11
Април
нов
стил
Недела на свети Јован Лествичник, Велик Пост. Масло.
Прпмч. Марко, еп. Аретусијски и други со него (364)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Господ ги трпи сите човечки немоќи, но не го трпи човекот којшто секогаш ропта, и таквиот не го остава без вразумување.

Преп. Исаак Сирин
Слова, 85

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк