Православен календар

Недела на свети Јован Лествичник

четврта недела од великиот пост

Угодникот Божји, преподобниот Јован живеел во 6 век. Родум Сириец, а наречен Лествичник бидејќи е автор на книгата „Лествица“ (Скалила), по местото на благочестивите подвизи – Синаит. На 17 годишна возраст, Јован се принел себеси во жртва Богу – телото го вознел на Синајската гора, а душата на небесната гора. Откако пребивал на Синајската гора во подвиг на осамеништво 19 години, до својата 40 годишна возраст, преподобниот се оддалечил во синајската пустина Фола, која се наоѓа на 5 стадии од Синајската црква, и таму во голем подвиг на строг пост и непрекината молитва, се подвизувал 40 години. Во текот на светата Четириесетница, неговиот пост бил толку необичен, како и должината на времето на неговиот пост. Иако не се отклонувал од храната која е разрешена од уставот во времето на постот, за да го скрши, како што велел, рогот на гордоста, сепак јадел толку малку што попрво би се рекло дека вкусувал одошто дека јадел. Од секоја страст тој решително се воздржувал, наредувајќи ѝ: молчи, занеми! Неговото покајание било поврзано со длабока скрушеност на срцето и со многу солзи. Долго по неговото упокојување, под гората ја покажувале тесната пештера – неговото скришно место на подвигот на покајанието, којашто ја нарекуваат слезоточна, и која била толку оддалечена од општежитието, за да не го слушаат и другите ридањето на Јован. Откако бил поставен за раководител, односно игумен, на браќата, тој започнал пат на воздигнување кон Бога и уште поголемо приближување до небесата. Слично на Мојсеј, вели неговиот животописец, се приближил до Бога, го примил во мислите Богонапишаниот закон и со перото на духот го напишал, по прозба на преподобниот Јован, игуменот Раифски, делото „Рајска лествица“, кое го предал не само на оние кои биле од него раководени, туку и на сите кои сакаат да се воздигнат кон небесата. Одејќи по степените на духовното усовршување, уште поревносно отколку претходно, пред да прими началство над браќата, тој ја изложил книгата кон пастирот, станувајќи на тој начин раководител на раководителите. Преподобниот Јован Лествичник се претставил пред Бога на 80 годишна возраст, околу 606 година. Во четвртата седмица од Великиот Пост, Црквата заради утешување и поучување на оние кои постат, со Божественото сведоштво утврдувајќи ја силата на постот и молитвата, кои на Јован му ја открија лествицата кон рајот и го вознесоа на височината на духовното совршенство, благовествува дека духот на злобата се изгонува од човекот само преку молитвата и постот, истовремено најавувајќи ја радоста на воскресението Христово.

Сподели на твитер
днсАприл 2021
Ч119
П220
С321
Н422
П523
В624
С725
Ч826
П927
С1028
Н1129
П1230
В1331
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
29
стар
стил
Март
11
Април
нов
стил
Недела на свети Јован Лествичник, Велик Пост. Масло.
Прпмч. Марко, еп. Аретусијски и други со него (364)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ве молам обидете се. Ако некој ве жалости, или ве бесчести, или зема нешто ваше, тогаш молете се вака: „Господе, сите ние сме Твои созданија; сожали се на Твоите слуги и обрати ги кон покајание“, па ќе ја почувствувате во вашата душа благодатта. Принуди го твоето срце да ги љуби своите непријатели и Господ, кога ќе ја види твојата желба, ќе ти помогне во сè, и Самиот ќе те поучи. А оној што лошо мисли за своите непријатели, во него нема љубов Божја и таквиот не Го познал Бога.

Преп. Силуан Атонски. Списи. IX. 21

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк