Православен календар

Недела на сите Свети

неделата по педесетница

Светата Црвка секој ден врши помен на своите светители. Но, бидејќи има угодници Божји кои се подвизувале незабележано, и не ѝ се јавно познати на Црквата, за да и нив не го остави без чествување, Светата Црква установила ден во којшто ги прославува сите што Му угодиле на Бога, во сите векови, за да не остане никој кого Таа не го прославува. Да се извршува ова празнување во неделата после слегувањето на Светиот Дух е устроено затоа што сите светители станале и стануваат свети преку благодатта на Светиот Дух. Благодатта на Светиот Дух носи покајание и оставање на гревовите, таа воведува во борба со страстите и похотите и го овенчува тој подвиг со чистота и бестрастие. На тој начин се јавува нова твар, погодна за новото небо и за новата земја. Да ревнуваме и ние да ги следиме светителиите Божји. Како тоа да го направиме нè поучува Евангелието во оваа недела на сите свети: тоа вели дека треба бестрашно да ја исповедаме нашата вера во Господа, да имаме љубов првенствено кон Него, да го подигнеме крстот на самоодрекувањето и срдечното разврзување од сè што нè сврзува со земјата. Да ставиме почеток на тоа што нѝ е укажано.

Сподели на твитер
днсЈули 2020
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
РибаРиба
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
21
стар
стил
Јуни
4
Јули
нов
стил
Саб., Апостолски пост. Риба.
Мч. Јулијан Тарсијски (305); Свмч. Терентиј, еп. Иконијски (I)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако намерата која што му претходи на дејствието не е чиста, тогаш и самото дејствие ќе биде лошо, дури и ако изгледа како добро.

Св. Григориј Двоеслов
Разговори, 1.10

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк